fbpx
Таг: терористи

таг: терористи

Нова контроверза за акцијата во Куманово: И полицаец бил меѓу терористите?

Меѓу уапсените припадници на терористичката група, што пред десетина дена беше разбиена во Куманово, сепак, има и полицаец, потврди за „Мета“ помошникот-министер за односи со јавноста на Министерството за внатрешни работи (МВР), Иво Котевски. На нашето прашање дали е точно дека меѓу приведените во акцијата во Куманово имало и полициски службеник, Котевски одговори: „Да, мислам дека е точно“. Истото прашање го...

На народниот правобранител не му било дозволено да влезе во затворот во Шутка

Притворениот полицаец бил малтретиран и измачуван од своите колеги при полициската акција во Куманово, информираше денеска народниот правобранител Иџет Мемети, кој обелодени дека во акцијата, меѓу приведените од групата терористи, имало и полицаец кого колегите при носење во затвор го малтретирале. „Имаме сознанија дека над еден приведен е сторено кривично дело мачење. Се работи за државјанин на Република Македонија, кој бил...

Побегнатиот терорист Османи: Во Куманово се боревме за албанска држава во Македонија

Сулејман Османи, терористот кој ѝ избегал на полицијата еден ден по акцијата во Куманово, во интервју за косовската телевизија РТК изјавил дека целта на групата била создавање албанска држава во Македонија, по принципот на Република Српска во Босна и Херцеговина, пренесува „Б92“. Според него, групата броела повеќе од 2.000 борци. Тој ги негирал тврдењата дека групата имала материјални цели, односно дека не...

За странците, терористите станаа – наводни!

Дваесет и четири часа по акцијата на полицијата во кумановското Диво Насеље, амбасадорите на САД, земјите од Европската унија и западните медиуми, за групата што МВР ја оквалификува како терористичка, почнаа да зборуваат и да пишуваат во наводници или да го употребуваат изразот „наводни терористи“. Амбасадорот на САД во земјата, Џес Бејли, кој заедно со амбасадорите на Европската унија, Велика Британија, Германија, Франција...

„Мета“ во Куманово: Диво Насеље е како Бејрут

Денеска во Диво Насеље во Куманово, каде викендов се одвиваше полициска акција, е мирно. Улиците се преполни со луѓе. Од борбените дејства оштетени се околу 30 куќи. Тие што не можат да се вратат во своите домови, ќе се сместат кај свои роднини. Жителите велат дека претходно не можеле да се забележат никакви движења на вооружени луѓе. Имало зголемено полициско обезбедување, за кое мештаните...

Обвинителството одреди мерка притвор за заробените терористи

Утринава надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција заврши со распитот на триесетте члена на терористичката група, по што до судија на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор. Осомничените се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста, од член 313, и за здружување заради непријателска дејност, од член 324 од Кривичниот...

Крвавите судири во Куманово ги заинтересираа светските медиуми

„Македонската полицијата во смртоносни судири со вооружена група“, „Снајперски оган, експлозии: Пет македонски полицијаци се убиени при судир во албанска област“, „Пет полицајци се убиени во престрелка со вооружена група во Македонија“, „Македонската полиција го опколи Куманово по смртносните судири“, „ОНА ја заплаши Македонија со нови вооружени судири“ се само дел од насловите што регионалните и светските медиуми ги објавуваат...

Тројца загинати полицајци во престрелките во Куманово, акцијата е при крај

Тројца припадници на безбедносните органи загинале во престрелките во полициската акција во Куманово која е при крај и се претресуваат последните куќи во регионот на Диво Насеље. Оваа информација ја пренесуваат медиумите од Куманово, но за неа сè уште нема официјална потврда. Според истите неофицијални извори, повредени се уште десетина лица, а наводно на полицијата ѝ се предале 30-тина терористи. Во меѓувреме, жителите...

Уапсени шест осомничени терористи во Чешка

Шест лица се уапсени во Чешка под сомневање дека подготвувале терористички напад на воз. Портпаролката на државното обвинителство, Степанка Женкова, изјави дека тројца од уапсените се во притвор, а тројца се пуштени да се бранат од слобода. Женкова не ги соопшти имињата на уапсените ниту, пак, прецизираше какво вооружување е запленето при полициската операција.

Голема антитерористичка акција во Малезија

Малезиската полиција покрена потера против тројца терористи, кои неодамна се вратиле од Сирија, каде се бореле во редовите на Исламска држава. Заменик-министерот за внатрешни работи на Малезија, Ван Јунаиди Џафар, соопшти дека терористите имаат задача да регрутираат лица и да прогласат калифат во Малезија и во соседните земји.

Ердоган: Медиумите се соучесници во убиството на обвинителот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска остро ги критикуваше новинарите, обвинувувајќи ги медиумите дека се соучесници во убиството на обвинителот во Истанбул. Турската влада бурно реагираше на објавувањето на фотографиите, на кои обвинителот Мехмет Селим Кираз, кога левичарска група го држеше како заложно, е прикажан со пиштол вперен в глава. Владата привремено го блокираше пристапот до „Фејсбук“, „Твитер“ и до...

Уапсени 17 осомничени терористи во Малезија

Малезиската полиција уапси 17 лица за кои постои сомнеж дека подготвувале терористички напади во главниот град Куала Лумпур. Како што јавуваат локалните медиуми, двајца од уапсените се повратници од Сирија. Минатата година вкупно 92 лица се уапсени поради поврзаност со џихадистичката сунитска организација Исламска држава.

Уапсени 26 осомничени терористи во Шпанија

Дваесет и шест лица се уапсени при операција на шпанската полиција за сузбивање на движења поврзани со терористички организации. Како што се наведува во соопштението од полицијата, уапсени се 12 членови на организацијата „Координирани анархистички групи“, осомничени за подготовка на терористички акти. Уште 14 лица се уапсени поради давање отпор при акцијата, која е спроведена во Мадрид, Барселона, Валенсија и во...

Уапсен водачот на групата што го нападна музејот во Тунис

Уапсен е водачот на групата што минатата недела изврши напад врз музејот „Бардо“ во Тунис. Групата што го извела нападот била составена од 15 терористи и секој од нив имал своја посебна задача. Портпаролот на МВР на Тунис, Рафик Чели, потврди дека членови на групата претходно се сретнале со алжирскиот терорист Лукман Абу Сакхар, по кого се трага, а кој ја предводи групата...

Крвави судири меѓу Боко харам и камерунската војска

91 лице, од кои петмина војници и 86 припадници на нигериската исламистичка група Боко харам, загинале во судирите меѓу камерунската војска, на крајниот север од земјата. Припадниците на Боко харам од заседа ги нападнале војниците и пресметката траела речиси три часа. Групата Боко харам под своја контрола држи дел од територијата на североистокот на Нигерија, но таа стана и регионален проблем бидејќи...

Австралиската полиција спречи терористички напад

Австралиската антитерористичка полиција соопшти дека во Сиднеј спречила терористички напад, апсејќи две лица поврзани со Исламска држава. Кај уапсените се пронајдени ножеви, видеоснимка и знаме кое се поврзува со милитантната група. Австралија, која е еден од главните сојузници на САД во борбата против Исламска држава во Сирија и во Ирак, првпат во септември минатата година ја подигна готовноста поради можни...

Русија: Уапсени 31 терорист

Триесет и еден приврзаник на меѓународната терористичка организација Хизб ут Тахрир ал ислами се уапсени, соопштија руските безбедносни служби. Хизб ут Тахрир ал ислами, која Русија во 2003 година ја прогласи за терористичка организација, е меѓународна религиозно-политичка организација, која се обидува да ги урне неисламските влади и да ги насочи муслиманите кон „правилен исламски начин на живот“.

Руската Федерација бара да се спречи финансирањето на ИД

Русија до Советот за безбедност на ООН поднела предлог-резолуција за спречување на финансирањето на терористите од групата Исламска држава (ИД),  рекол на прес-конференција секретарот на постојаното претставништво на РФ во ООН, Алексеј Зајцев, соопшти „Риа новости“. - Се подготвува резолуција насочена кон пресекување на изворите на финансирање на ИД. Се надеваме дека ќе биде усвоена во најскоро време - изјави...

Германија ги заострува мерките против исламскиот тероризам

Германската влада сака утре да ги усвои законските измени според кои кривично дело ќе биде и самата намера да се патува во некои од камповите за терористичка обука. Досега кривично беа гонети само оние лица за кои можеше да се докаже дека престојувале во некои од камповите со намера потоа да изведуваат терористички дела. „Оној кој сака да оди во...

Франција: Уапсени осум осомничени терористи

Осум лица се уапсени во Париз и во Лион поради сомневање дека се дел од мрежа за регрутирање борци за џихадистите од групата Исламска држава во Сирија, соопшти францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев. Како што јавуваат француските медиуми, уапсените не се поврзани со минатомесечните терористички напади во Париз.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...