fbpx

Германија ги заострува мерките против исламскиот тероризам

-

Германската влада сака утре да ги усвои законските измени според кои кривично дело ќе биде и самата намера да се патува во некои од камповите за терористичка обука. Досега кривично беа гонети само оние лица за кои можеше да се докаже дека престојувале во некои од камповите со намера потоа да изведуваат терористички дела.

„Оној кој сака да оди во некој од терористичките кампови, во иднина ќе биде казнет. Ние мораме да направиме сè затоа што исламистите во терористичките кампови сè повеќе се радикализираат“, изјави германскиот министер за правда, Хајко Мас.

Германските експерти подолго време критикуваа дека е премногу едноставно одењето на исламистите од Германија во кампови за терористичка обука.

Според податоците на германското министерство за внатрешни работи, околу 600 исламисти од Германија заминале во Сирија и во Ирак, каде се приклучиле на терористичката организација Исламска држава.
Во изминатите месеци, тој број, како што наведуваат медиумите, е значително зголемен, а германските сигурносни служби надгледуваат околу 100 исламистички ќелии во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...