fbpx

Украина: Стотици демонстранти се обидоа да упаднат во канцеларијата на претседателот

-

Околу стотина демонстранти се обидоа да упаднат во канцеларијата на украинскиот претседател, но обезбедувањето на зградата го спречи обидот, јавува руската телевизија „Раша тудеј“, наведувајќи дека протестот прераснал во судири на улиците.

Сè уште трае конфликтот меѓу националната гарда и демонстрантите, кои се обидоа да влезат во конференциската сала за да дадат телевизиска изјава.

Претходно, демонстрантите успеаја да го пробијат првиот безбедносен кордон, но беа спречени да влезат во зградата.
Демонстрантите бараат воведување вонредна состојба поради борбите со сепаратистите во југоисточниот дел на земјата. Тие, исто така, бараат оставка од украинските безбедносни агенции, од министерот за одбрана, па сè до обвинителот, поради нивна неефикасност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...