fbpx

Руската Федерација бара да се спречи финансирањето на ИД

-

Русија до Советот за безбедност на ООН поднела предлог-резолуција за спречување на финансирањето на терористите од групата Исламска држава (ИД),  рекол на прес-конференција секретарот на постојаното претставништво на РФ во ООН, Алексеј Зајцев, соопшти „Риа новости“.

– Се подготвува резолуција насочена кон пресекување на изворите на финансирање на ИД. Се надеваме дека ќе биде усвоена во најскоро време – изјави Зајцев.

Според неговите зборови, предлогот е веќе доставен до Советот за безбедност.
– Во наредните денови ќе биде ставен на гласање – извести претставникот на мисијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Голем пожар во зградата на старата Берза во Копенхаген

Голем пожар избувна утрово во зградата на поранешната Берза во Копенхаген од 17 век – една од најпознатите знаменитости на данската престолнина. Пожарот го проголта кровот на историскиот објект...