fbpx

Нова акција на МВР: Се вршеа претреси и се бараа лица поврзани со групата од Диво Насеље

-

Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР) утрово спровеле акција за пронаоѓање лица поврзани со терористичката група од Диво Насеље, во рамките на која биле извршени претреси на повеќе локации во Скопско и во Кумановско.

Од МВР за „Мета“ ја потврдуваат акцијата и велат дека таа била спроведена по наредба на судија на претходна постапка за лоцирање лица кои се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок.

– По налог на судија на претходна постапка, извршени се претреси на повеќе локации во скопскиот и во кумановскиот регион. Во акцијата нема приведени лица. Осомничените лица не се пронајдени и по нив се трага – велат за „Мета“ од МВР.

Оттаму додаваат дека при претресите се пронајдени повеќе предмети што ќе бидат доставени за анализа до Обвинителството за организиран криминал и за корупција.

Повеќе детали за денешната акција, од МВР најавуваат за подоцна во текот на денот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...