fbpx
Таг: терористи

таг: терористи

Полициски акции во Брисел – властите бараат да не се откриваaт позициите на специјалците

Белгиските специјални сили вечерва почнаа операции во Брисел, јавуваат локалните медиуми. Властите, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од полицајци, ја повикаа јавноста да не го пријавува нивното движење. Користејќи го хаштагот #BrusselsLockdown, белгискиот министер за одбрана, Стивен Вандепут, апелираше до јавноста на „Твитер“ да не јавуваат за нивното движење на социјалните мрежи. Veel pers, politie vraagt iedereen om verder weg...

Брисел: Вонредната состојба и понатаму на сила

Во Брисел втор ден по ред на сила се највисоките мерки за безбедност воведени по минатонеделните терористички напади во Париз. Улиците на белгиската престолнина се претежно празни, а полициската потрага по осомничениот напаѓач од Париз, Салах Абдеслам, продолжува. Белгискиот национален кризен центар вчера ги зголеми мерките за безбедност на поширокото подрачје на Брисел на четврто ниво, што означува „сериозна и...

Терористи подготвувале напади на Брисел слични на тие во Париз

Белгискиот премиер Шарл Мишел изјави дека терористи, по примерот на масакрот во Париз, подготвувале напади со оружје и самоубиствени напади на повеќе места во Брисел, поради што денеска е прогласен највисок степен на тревога. Мишел рече дека по итното заседание на Советот за национална безбедност е одлучено да се запре сообраќајот во бриселското метро и трамвајот кој оди под земја,...

Претседателот на Мали прогласи вонредна состојба

Претседателот на Мали, Ибрахим Бубарак Кеита, денеска прогласи вонредна состојба во траење од десет дена и тридневна жалост во државата, по терористичкиот напад и повеќечасовната заложничка криза. Исламските екстремисти вчера убија 19, а ранија седум лица во нападот на хотелот „Радисон блу“ во главниот град на Мали, пред командосите да упаднат во зградата и да ги спасат 170 заложници. Двајца...

Брисел: Степенот на опасност од терористички напади на највисоко ниво

Белгиските власти денеска посочија дека нивото на опасност од терористички напади во регионот на Брисел е на највисоко ниво, предупредувајќи на „особено сериозни“ и „непосредни закани“. Метрото ќе биде затворено до утре, а граѓаните се предупредени дека треба да ги избегнуваат масовните собири, вклучувајќи ги и трговските центри, се наведува во соопштението на власта. Предупредувањето за остатокот од Белгија останува на пониско ниво,...

Групата Ал мурабитун ја презеде одговорноста за инцидентот во Бамако

Терористичката џихадистичка група Ал мурабитун ја презеде одговорноста за инцидентот во хотелот „Радисон блу“ во Бамако. Ал мурабитун е група што ја сочинуваат државјани од северните региони на Мали и на нејзино чело се наоѓа поранешен припадник на Ал каеда, Мухтур Белмухтар. Точноста на тврдењата на оваа група сè уште не може да биде потврдена, пренесува „Ројтерс“. Според последните информации, вооружените напаѓачи ослободиле 80...

Мали: Ослободени 80 заложници од хотелот во Бамако

Вооружените напаѓачи ослободија 80 лица од хотелот „Радисон блу“ во Бaмако, каде од утринава држат 170 лица како заложници, јавуваат државните медиуми на Мали. - Напаѓачите сè уште се внатре. Повремено се слушаат истрели - изјави еден очевидец. Припадниците на безбедносните сили на Мали упаднале во хотелот, каде се убиени тројца од заложниците. Во меѓувреме, турските власти соопштија дека тројца од седум членови на...

Заложничка драма во Мали

Вооружени лица денеска нападнале хотел во Бамакo, главниот град на Мали, и се верува дека држат заложници, изјавија извори од силите за безбедност и очевидци. Светските медиуми јавуваат дека три лица се убиени, а напаѓачите држат 140 гости и 30 вработени во хотелот како заложници, но засега нема официјална потврда на оваа информација. - Рано утринава имаше пукање. Изгледа дека има обид за земање...

Терористите во Париз имале пасоши од ЕУ

Ниту еден од осумте извршители на терористичките напади во Париз не бил бегалец од Блискиот Исток или Африка, туку сите имале пасош од ЕУ. По нападите во кои се убиени 129 лица, се појавија сомнежи дека напаѓачите влегле во Европа преправајќи се како бегалци, а полските власти дури и јавија дека поради тој ризик нема да го прифатат планот на...

Шест полициски рации во Брисел

Белгиската полиција спроведува рации на шест различни локации во Брисел, во обид да ги пронајде соработниците на Билал Хадфи, кој минатата недела изврши самоубиствен напад во Париз, соопштија од белгиското федерално обвинителство. Хадфи е идентификуван како еден од тројцата напаѓачи на стадионот во Париз. Белгискиот премиер, Шарл Мишел, најави нов пакет антитерористички мерки, додавајќи дека околу 400 милиони евра ќе бидат...

Валс бара продолжување на вонредната состојба во Франција

Францускиот премиер Мануел Валс денеска пред парламентот поднесе предлог-закон со кој се бара продолжување на вонредната состојба во државата. Валс во говорот предупреди дека лицата блиски до терористите што извршија напади минатата недела и убија 129 лица Париз, може да употребат хемиско или биолошко оружје. Владиниот предлог-законот утре ќе се најде пред францускиот Сенат. Францускиот претседател Франсоа Оланд во петокот прогласи вонредна состојба во...

Голема полициска акција во Париз, најмалку двајца убиени

Најмалку двајца осомничени се убиени при претрес во стан во париското предградие Сен Дени, во полициска акција за апсење осомничени за терористичките напади што во петокот минатата недела се случија во француската престолнина, јавуваат светските медиуми. Меѓу убиените, како што јавува „Би-Би-Си“, е и една жена, која се разнела самата, активирајќи самоубиствен елек. Полициската операција почнала утрово, околу 3.30 часот, според...

Француската амбасада во Скопје со едноминутно молчење за жртвите во Париз

Амбасадата на Република Франција во Скопје, во 12 часот, со едноминутно молчење им оддаде почит на жртвите на терористичките напади во Париз. Во француската амбасада се отвори и книга на жалоста, која ќе биде отворена од денеска до среда, од 10 до 13 часот.  

Во Франција уапсени 23 лица, а 100 се во домашен притвор

Француските власти соопштија дека полицијата извршила проверка на 168 локации низ земјата по смртоносните напади во Париз. Министерот за внатрешни работи, Бернард Казеневе, изјави денеска дека 23 лица биле уапсени, а повеќе од 100 се наоѓаат во домашен притвор. Полицијата трагаше по соработниците на групата што ги изврши нападите во францускиот главен град, при кои загинаа 132 лица.

Франција ќе ги затвори радикалните џамии

Предлогот за затворање на џамиите, во кои се собираат радикалните исламисти во Франција, ќе биде разгледан од Владата, најави францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев, по терористичкиот напад во Париз и  по прогласувањето вонредна состојба. - Вонредната состојба е желба, цврсто и одлучно да пристапиме во протерувањето на оние кои треба да бидат протерани, бидејќи проповедаат омраза во Франција,...

Едноминутно молчење за жртвите од нападите во Франција

На последниот ден од тридневната жалост во Франција, попладнево со една минута молчење ќе им биде оддадена почит на жртвите на терористичките напади во Париз. Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, по нападите во кои загинаа околу 130 луѓе, а повеќе од 350 беа ранети, прогласи вонредна состојба во земјата со зголемени безбедносни мерки, како и контрола на границите, а распоредени се...

ВИДЕО: Првите пукотници во салата „Батаклан“

Кратка снимка на која се слуша самиот почеток на пукањето во концертната сала „Батаклан“, се појави на „Јутјуб“. Во првите мигови, членовите на бендот, кои ја прекинуваат свирката, но и публиката во првите редови, не знаат што се случува. https://www.youtube.com/watch?v=sDUL9ra6nz8

Не Македонец, туку Црногорец бил уапсен од германските власти

Информацијата што синоќа ја објави светскиот сервис на „Би-Би-Си“, дека државјанин на Македонија пред неколку дена бил приведен во Германија со автомобил полн со оружје, денеска експресно беше демантирана од германските власти. Според баварската полиција, уапсениот кој во своето возило, марка „голф“, во скриен бункер превезувал цел арсенал автоматско оружје, гранати  и експлозиви, е од Црна Гора, а возилото било со...

Идентификуван еден од напаѓачите во Париз

Еден од напаѓачите што во Париз убија најмалку 129 луѓе и повредија повеќе од 350, е идентификуван од француските истражители. 29-годишниот Омар Исмаил Мостефаи, бил идентификуван од отсечен прст пронајден на местото на еден од нападите. Мостефаи бил француски државјанин кој имал историја на ситен криминал и за кој било познато дека се радикализирал. Координираните напади на 13 ноември погодија шест различни локации...

Вознемирувачка снимка: Луѓе бегаат од масакрот во салата „Батаклан“

Најголемиот масакр во Париз се случи во концертната сала „Батаклан“, каде терористите убија 120 луѓе. Заложниците бегаат на улица по терористичкиот напад, но се пука по нив и додека трчаат. Дел се убиени, остануваат да лежат, а други ги прескокнуваат телата на убиените и ги влечат. На снимката која е направена од жител на Париз, кој живее до салата, се гледа како девојки висат...

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...