fbpx

Терористите во Париз имале пасоши од ЕУ

-

Ниту еден од осумте извршители на терористичките напади во Париз не бил бегалец од Блискиот Исток или Африка, туку сите имале пасош од ЕУ.

По нападите во кои се убиени 129 лица, се појавија сомнежи дека напаѓачите влегле во Европа преправајќи се како бегалци, а полските власти дури и јавија дека поради тој ризик нема да го прифатат планот на ЕУ за распределба на бегалците по земјите на Унијата. Една од главните причини за оваа теорија беше сирискиот пасош пронајден кај еден од напаѓачите, но подоцна се утврдило дека станува збор за фалсификуван документ.

Светските медиуми пренесуваат дека напаѓачите не дошле од Сирија, туку се родени и израснати во земји на ЕУ, односно петмина се Французи, а тројца се Белгијци.

Деветтиот осомничен сè уште не е идентификуван, а кај него е пронајден фалсификуваниот сириски пасош на име Ахмад ал-Мохамед.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...