fbpx
Таг: СВРСкопје

таг: СВРСкопје

Автобус на ЈСП усмртил пешак на булеварот Борис Трајковски

Фазли Е. (63) од кумановското село Романовце го загубил животот во сообраќајна незгода што вчеравечер се случила на булеварот Борис Трајковски во Скопје, информира полицијата. Сообраќајната незгода се случила околу 19.30 часот, кога градски автобус на ЈСП удрил во Фазли Е., кој се движел пеш. Од сериозноста на повредите тој починал на самото место. Јавен обвинител и екипа на СВР Скопје извршиле...

Деветгодишно девојче загина во пожар во Чаир

Деветгодишно девојче го загубило животот во пожар што вчеравечер избувнал во стан на улицата Емин Дураку, во скопската населба Чаир, информира полицијата. Во пожарот, кој од засега непознати причини избувнал околу 23.30 часот, повредени биле уште четири лица, кои биле пренесени во Градската хируршка клиника „Свети Наум Охридски“. Екипи на скопската противпожарна бригада успеале да го локализираат пожарот, а тим на...

Двајца скопјани осомничени за серија кражби

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривични пријави против Н.С. (21) и С.Д. (19), двајцата од Скопје, осомничени дека од јануари од март оваа година, извршиле серија кражби на подрачјата на општините Центар, Карпош и Чаир. Според полицијата, тие се товарат за три тешки кражби и за една кражба, во кои однеле плен од околу 200.000 денари. Судија на...

76-годишен пешак прегазен на улица во Скопје

Седумдесет и шестгодишниот Милутин К. вчера попладне го загубил животот во сообраќајна несреќа, кога движејќи се пеш на улицата „Бутелска“, на него налетал автомобил, марка „шкода фаворит“, кој го управувал А.Т. (74), информираат од полицијата. Сообраќајната несреќа се случила околу 17.40 часот. Пешакот, кој од ударот добил тешки телесни повреди, бил пренесен во Ургентниот центар, каде и покрај настојувањата на...

При претрес во куќа во Рашче, пронајдени оружје, муниција и дрога

Полициски екипи, по обезбедена судска наредба, а врз основа на информации за сторени повеќе кривични дела, денеска извршиле претрес во домот на Б.К. (46) во скопското село Рашче, каде пронашле неколку парчиња оружје, муниција, пакувања со дрога и други предмети, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, во домот на осомничениот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка од непозната марка,...

Запален автомобил во населбата Чаир

Утрово околу 2 часот, во полиција било пријавено дека на улицата Вуковарска, во населбата Чаир, бил опожарен автомобил, марка „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.И. (49) од Скопје, информира полицијата. Увидна екипа на СВР Скопје извршила увид на местото и како што информираат оттаму, во непосредна близина на возилото биле најдени две пластични шишиња, кои биле предадени...

Уапсени двајца скопјани кои судот ги барал за издржување затворски казни

Скопската полиција, постапувајќи по судски наредби, во вторникот уапсила две лица кои се барале за издржување затворски казни, информира полицијата. Во едниот случај, според полицијата, станува збор за скопјанецот Виктор А. (35), кој се барал за издржување затворска казна од четири години, а бил осуден за кривичните дела тешка телесна повреда и тешка кражба. Истиот ден бил уапсен и Бобан Р....

Петмина осомничени за серија тешки кражби

Скопската полиција до надлежното основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против пет лица, осомничени дека во периодот од април минатата година до февруари годинава извршиле серија тешки кражби на територијата на Скопје, меѓу нив и кражбите во театарот „Комедија“ и Албанскиот театар, соопшти МВР. Против петтемина осомничени е поднесена кривична пријава за тешка кражба, додека уште три лица полицијата ги...

Упасени тројца осуденици барани по судска наредба

Тројца скопјани, кои се барале со судска наредба за издржување затворски казни, деновиве биле уапсени од екипи на скопската полицијата и спроведени за понатамошна постапка. Според полициските информации, во понеделникот бил уапсен и спроведен во затворот „Идризово“, Екрем А. (67), кој се барал за издржување затворска казна од една година и два месеци за прикривање. Истиот ден, СВР Скопје постапувајќи по...

Школски бомби и муниција го испразниле училиштето „Блаже Конески“

Две школски бомби за вежбање и школска муниција (какви што порано се користеа како реквизити на часовите по предметот општонародна одбрана) биле причината поради која утрово беше испразнето основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Аеродром. Како што инфромираат од СВР Скопје за „Мета“, утрово неколку ученици во подрумот на училиштето ги нашле предметите, по што била алармирана полицијата. - По извршените...

Малолетници каменувале такси-возило и тепале патници

Синоќа, околу 21.30 часот, во близина на булеварот Јане Сандански, во скопската населба Аеродром, група малолетници каменувале и го искршеле ветробранското стакло на такси-возило во кое се превезувале 18-годишно момче и уште две лица, информираат од МВР. Според полицијата, по каменувањето, насилниците со контејнер за смет го попречиле патот на возилото, а потоа физички ги нападнале патниците. Во инцидентот, на...

Скопјанец осомничен за злоупотреба на безвизниот режим

Судија на претходна постапка му одредил 30 дена притвор на скопјанецот А.И. (57), осомничен дека организирал и транспортирал македонски државјани во земјите-членки на Европска Унија (ЕУ) како баратели на азил, соопшти МВР. Против А.И., одделението за насилен криминал, односно отсекот за трговија со луѓе при СВР Скопје, поднело кривична пријава за злоупотреба на безвисниот режим со земјите-членки на ЕУ и на шенгенскиот договор. Од...

Женски труп пронајден во водите на Вардар во Скопје

Безживотно женско тело вчераутро било пронајдено во водите на реката Вардар, информираат од полицијата. Случајот го пријавил граѓанин, кој го забележал телото во близина на брегот на реката. Екипа на СВР Скопје извршила увид на местото, но засега од полицијата нема информации за идентитетот на жената. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на судските вештаци за обдукција, која треба да...

Кривична пријава против петмина навивачи на „МЗТ Скопје“

Скопската полиција поднела кривична пријава против пет момчиња на возраст од 20 до 25 години, осомничени дека вчера, пред почетокот на кошаркарскиот натпревар меѓу екипите на МЗТ Скопје и Партизан, во обид да го пробијат полицискиот кордон, повредиле двајца полицајци, оштетиле возило на полицијата и искршиле стакло од прозорец на спортскиот центар „Јане Сандански“, информираат од МВР. Пријави за кривично...

Косовец осомничен за фалсификување идентификациски број на возило

СВР Скопје поднел кривична пријава против косовски државјанин, осомничен дека фалсификувал идентификациски борј на автомобил, информираат од полицијата. Како што соопштуваат оттаму, станува збор за Љ.Х. (58), кој се товари за две кривични дела, фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од осум дена. Косовскиот државјанин, според полицијата, го фалсификувал идентификацискиот...

СВР Скопје: Вчеравечер беше мирно како ниту една друга ноќ во минатата година

Безбедносната состојба во Скопје за време на новогодишната ноќ била на највисоко ниво и со исклучок на неколку поситни нарушувања и сообраќајни несреќи без смртни последици, вечерта поминала со многу помалку инциденти и случувања од која било друга вечер во годината, соопшти новиот началник на СВР Скопје, Ивица Вучевски, на денешната информативна средба со министерката Гордана Јанкулоска. На средбата, началникот Вучевски...

Девет лица повредени во верижен судир кај клучката Волково

Девет лица се пожалиле на повреди по верижен судир на повеќе возила, кој утрово, околу 8 часот, се случил на обиколницата кај клучката Волково, информираат за „Мета“ од СВР Скопје. Повредените се пренесени на скопските клиники. Засега нема информации за видот и за тежината на повредите со кои се здобиле патниците во судирот, но според првичните сознанија, не станувало збор...

Уапсени четири лица барани за издржување затворски казни

Четири лица од Скопје, кои се барале со судски налог за издржување затворски казни, деновиве биле уапсени од екипи на СВР Скопје и спроведени во затворите „Идризово„ и „Скопје“, информираат од МВР. Пред три дена, полициските екипи, постапувајќи по судска наредба, ги уапсиле Аднан С. (51), кој се барал за издржување казна затвор од една година и шест месеци за...

Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик

Денеска, на 5 Мај, во земјава се одбележува Денот на македонскиот јазик. Претседателот Стево Пендаровски истакна дека откако пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука, континуираниот развој на...