fbpx

Школски бомби и муниција го испразниле училиштето „Блаже Конески“

-

Две школски бомби за вежбање и школска муниција (какви што порано се користеа како реквизити на часовите по предметот општонародна одбрана) биле причината поради која утрово беше испразнето основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Аеродром.

Како што инфромираат од СВР Скопје за „Мета“, утрово неколку ученици во подрумот на училиштето ги нашле предметите, по што била алармирана полицијата.

– По извршените проверки било утврдено дека станува збор за две школски вежбовни бомби и за школска муниција – изјави портпаролот на СВР Скопје, Лиза Бендевска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.