fbpx

Малолетници каменувале такси-возило и тепале патници

-

Синоќа, околу 21.30 часот, во близина на булеварот Јане Сандански, во скопската населба Аеродром, група малолетници каменувале и го искршеле ветробранското стакло на такси-возило во кое се превезувале 18-годишно момче и уште две лица, информираат од МВР.

Според полицијата, по каменувањето, насилниците со контејнер за смет го попречиле патот на возилото, а потоа физички ги нападнале патниците. Во инцидентот, на 18-годишникот му била нанесена телесна повреда.

По пријавата на случајот и преземените мерки, екипи на СВР Скопје привеле тројца малолетници, од кои двајца на 16 и еден на 17-годишна возраст, против кои, по документирањето на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Од полицијата додаваат дека работат на утврдување на иднетитетот и на другите лица што учествувале во насилството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...