Четири лица од Скопје, кои се барале со судски налог за издржување затворски казни, деновиве биле уапсени од екипи на СВР Скопје и спроведени во затворите „Идризово„ и „Скопје“, информираат од МВР.
Пред три дена, полициските екипи, постапувајќи по судска наредба, ги уапсиле Аднан С. (51), кој се барал за издржување казна затвор од една година и шест месеци за разбојништво и Благоја С. (33), кој треба да издржува затворска казна од три месеци за тешка кражба.
Во четвртокот биле уапсени и Екрем Е. (43), кој бил осуден на затворска казна од две години и шест месеци за разбојништво и Ацо О. (48) кој се барал за издржување казна затвор од една година за фалсификување исправа.