Актулениот претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, кој беше единствен кандидат за нов претседател на здруженито, кој се избира денеска, доби противкандидат, јавува „Радио Слободна Европа“.
Семи Мехмети, уредник на порталот „Алмакос“, својата кандидатура ја достави денеска, на денот на гласањето.
ЗНМ денеска избира претседател и членови на управниот одбор, на надзорен одбор и членови на Советот на честа.
Потребниот кворум за работа на редовното и на вонредното изборно собрание и за донесување полноважни одлуки се обезбедува со присуство на најмалку 15 отсто од вкупниот број на редовните членови на ЗНМ.