fbpx

Упасени тројца осуденици барани по судска наредба

-

Тројца скопјани, кои се барале со судска наредба за издржување затворски казни, деновиве биле уапсени од екипи на скопската полицијата и спроведени за понатамошна постапка.

Според полициските информации, во понеделникот бил уапсен и спроведен во затворот „Идризово“, Екрем А. (67), кој се барал за издржување затворска казна од една година и два месеци за прикривање.

Истиот ден, СВР Скопје постапувајќи по судска наредба, го лишил од слобода Зоран П. (62), кој треба да издржува казна затвор од шест месеци за тешка кражба.

Вчера, како што информираат од полицијата, бил уапсен Дарко М. (29), кој треба да издржува двегодишна затворска казна за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Тој бил спроведен во полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...