fbpx

Петмина осомничени за серија тешки кражби

-

Скопската полиција до надлежното основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против пет лица, осомничени дека во периодот од април минатата година до февруари годинава извршиле серија тешки кражби на територијата на Скопје, меѓу нив и кражбите во театарот „Комедија“ и Албанскиот театар, соопшти МВР.

Против петтемина осомничени е поднесена кривична пријава за тешка кражба, додека уште три лица полицијата ги товари за кривичното дело прикривање. Вредноста на пленот што го украле осомничените, според полицијата, бил проценет на околу 2,6 милиони денари или околу 42.000 евра.

Според полицијата, осомничените кражбите ги вршеле во вечерните часови, провалувајќи во објектите со помош на алат и земале сè што сметале дека вредно и ќе можат да го продадат, од прибори за јадење до гардероба, бакар и месинг.

Украдените предмети ги препродавале на пазарот за стари работ на Кале, а дел и на еден од осомничените за прикривање. Парите ги трошеле за свои потреби.

Меѓу кражбите за кои се товарат осомничените, се и двете во театарот „Комедија“ и во Албанскиот театар и една во просториите на весникот „Нова Македонија“ на улицата Васил Ѓоргов.

Полицијата во текот на истрагата успеала да пронајде дел од украдените предмети, кои им биле вратени на сопствениците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...