fbpx
Таг: средношколци

таг: средношколци

Средношколците чекаат дозвола за да кампуваат пред МОН

Средношколците од утринава се собраа пред Министерството за образование, каде ќе кампуваат и ќе чекаат министерот Абдилаќим Адеми да ги повика на разговор. Тие утринава побарале дозвола од МВР за кампување пред оваа институција и чекаат таа да им биде доставена. Сепак, велат дека и ако не добијат дозвола, тие ќе се стационираат пред Министерството.

Средношколците од Струга изучуваат техники за зачувување на Јабланица

Средношколците од училиштата „Нико Нестор“ и „Д-р Ибрахим Темо“ од Струга изучуваат техники за зачувување на планината Јабланица. Предавањата на тема „Биолошката разновидност на планината Јабланица“ се дел од проектот „Младите во движење“, што го спроведува Планинарското еколошко друштво „Закамен“ од Струга. - Во рамките на проектот ќе бидат поделени памфлети за промоција на настанот. Исто така, предвиден е и младински еколошки камп,...

Студенти и средношколци маршираа против лошите реформи

Студенти и средношколци денеска паралелно, точно напладне, ги почнаа маршевите против лошите реформи во образованието. „Студентски пленум“ својот марш го почна од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, како поддршка на средношколците кои бараат математиката да не биде задолжителен предмет на матурата. „Средношколски пленум“, пак, протестите ги почнаа од Градски парк во Скопје. На средношколците во протестот им се приклучија и родители и наставници....

Охридските средношколци в четврток, дел од протестниот марш во Скопје

Средношколците од двете средни училишта во Охрид, „Свети Климент Охридски“ и „Свети Кирил и Методиј“, и оваа седмица го продолжуваат бојкотот на наставата, барајќи да се врати стариот модел на полагање државна матура и да се укине екстерното тестирање. Тие го почнаа бојкотот на наставата на 7 април. Охридските средношколци планираат да бидат дел од маршот на „Средношколски пленум“ што...

„Средношколски пленум“ со протест в четврток

В четврток  „Средношколски пленум“ повторно ќе протестира. „На 23 април 2015 година, ве повикуваме заедно, сложно да кажеме „не“ на реформите кои од нас направија експериментални глувци. Да се изјасниме гласно, затоа што тишината не е решение! Ова е апел до граѓаните. Апел до учениците, родителите, наставниците и до студентите. Уште еднаш да покажеме дека и покрај вашето игнорантно однесување, пленумот цврсто...

Средношколците Македонци и Албанци заедно на протестен марш

Учениците Албанци и Македонци попладнево излегоа на протест, кој се одржа на тетовскиот плоштад, и на марш по булеварот Илинденска. Тие побараа да се укине екстерното тестирање и новиот начин на полагање државна матура. - Не може неколку тестови да ни го оценат целото знаење што сме го стекнале во текот на целата година. Ние не се откажуваме така лесно од...

„Средношколски пленум“ продолжува со бојкот

„Средношколски пленум“ ја демантира информацијата објавена во некои медиуми дека средношколците го прекинуваат бојкотот на наставата. - Не е точна информацијата дека го прекинуваме бојкотот  на наставата. Бојкотот продолжува како и досега, а за сите наредни активности навремено ќе ја известиме јавноста. Имаме притисоци, но не се откажуваме од борбата за подобро образование – вели Моника Пешевска од „Средношколски пленум“. Таа...

Средношколците во Штип се подготвуваат за матура, бојкот нема

Во сите средни училишта во Источна Македонија редовно се изведува настава, а почнаа и активностите со матурските испити. Во тек е оценувањето на матурските задачи. Во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип, потврдија дека математика ќе се полага и тоа во еден клас, со математичка насока. Другите шест класа нема да полагаат математика. Во училиштата сè уште има дилема дали полагањето...

На бојкотот се приклучија и средношколците Албанци во Тетово

Со бојкот на наставата и со протестен собир на градскиот плоштад, учениците од прва и од втора година кои следат настава на албански јазик во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, го искажаа својот револт против екстерното тестирање. На собирот беа присутни околу 200 ученици, кои носеа транспаренти со пароли на албански јазик „Стоп за екстерното тестирање“ и „Не се предаваме“. - Учениците...

Средношколците што бојкотираат ќе мораат да одработуваат?

Средношколците од повеќе средни училишта веќе неколку дена ја бојкотираат наставата, а секојдневно, и покрај притисоците, на бојкотот се приклучуваат сè повеќе училишта. Како дел од пристисоците што им се прават на средношколците се и најавите од некои директори дека изгубените часови ќе мора да ги одработат преку викенд или дека ќе им ја продолжат училишната година. Во Битола, втор ден по бојкотот...

Со бојкотот, растат и притисоците врз средношколците

Средношколците од денеска повторно ја бојкотираат наставата во средните училишта. Од „Средношколски пленум“ велат дека бојкотот ќе продолжи сè додека Министерството за образование е глуво на нивните барања и сè додека одбиваат да се сретнат со нив. „Бојкотот, како радикална мерка, е избран поради тоа што двата марша кои беа организирани беа игнорирани од институциите. Нашите барања се да се...

„Меѓаши“: Директорите и наставниот кадар имаат одговорност пред учениците, а не пред партиите

Првата детска амбасада „Меѓаши“ денеска најостро го осуди притисокот што се врши врз средношколците кои протестираат. „Најостро ги осудуваме затворањата врати (кога учениците се внатре и/или кога учениците се надвор); однапред предодредените неоправдани изостаноци додека учениците се во училиштата; родителските состаноци проследени со „информации“ кои казни следуваат за вакви ситуации; заканите со 2.000 евра казни; уцените со неодење на екскурзии; заканите...

„Цивил“ бара властите да го почитуваат правото на протест на учениците

Невладината организација „Цивил“ денеска побара од надлежните институции и установи да го почитуваат правото на протест на учениците и да не го користат стравот како средство за манипулација со учениците и за нивно замолчување. „Ги потсетуваме дека правото на протест, слободата на изразувањето и слободата на движењето се основни човекови права. Родителските средби кои деновиве се одржани во повеќето училишта...

Додека средношколците бојкотираат, инспекции ги притискаат директорите

Веќе два дена средношколците ја бојкотираат наставата во дел од средните училишта низ земјата и покрај притисоците со кои се соочуваат. Во скопските средни училишта, учениците се во училиштата, но не ја посетуваат наставата, туку седат во холот или ходниците на училиштата. Средношколците од скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ велат дека два дена ги посетува инспекција која се обидува да...

ПОПГМ им дава целосна поддршка на студентите и на средношколците

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) им искажа целосна поддршка на средношколците и на студентите за нивните барања и за неприфаќањето на Законот за образование донесен од МОН. „Законот беше експресно донесен, без да ги сослушаат вашите барања и образложенија. Законот, исто така, експресно беше повлечен и, за жал, само пролонгиран“, се вели во писменото соопштение. Обраќајќи се...

„Средношколски пленум“ од утре почнува бојкот на наставата

„Средношколски пленум“ најавува дека од утре средношколците ќе почнат со бојкот на наставата во средните училишта. Од пленумот повторно го повикаа Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, да ги прими на средба и на преговори. „Ѝ соопштуваме на јавноста дека од неделава што следи, „Средношколски пленум“ ги радикализира своите мерки и активности околу запирање на лошите реформи во образованието....

Втор протестен марш на тетовските средношколци

Црвен картон за лошите реформи во образованието, покажаа тетовските средношколци на протестниот марш, кој попладнево почна од централнотo градско подрачје, а заврши пред Бирото за развој на образование. Повторно побараа да се укине екстерното тестирање и да се врати стариот начин на полагање на државна матура. Постигнатиот договор меѓу министерот за образование Абдилаќим Адеми со Средношколската унија, според кој математиката...

„Средношколски пленум“ ја повика Средношколската унија на дебата

„Средношколски пленум“ ја повикува Средношколската унија на јавна дебата, на која ќе ги соочат нивните ставови и аргументи и на која ќе дискутираат за своите барања. „Средношколскиот пленум е автохтоно и автономно движење кое се бори и ќе се бори за правата на сите средношколци, без разлика на нивната партиска, верска и друга лична определба. Сметаме дека е несериозно да...

Последна опомена за Владата од средношколците

Средношколците денеска вторпат се собраа на протестен марш против лошите реформи во образованието. Тие со извиците „Последна опомена“, „Доста беше молк“, „Не за математика“ го почнаа маршот пред Собранието, па се упатија кон Владата и кон Министерството за образование и наука, каде на функционерите им покажаа жолт картон. Барањата на „Средношколски пленум“ се враќање на стариот концепт на полагање на државна...

Протест на средношколците во Скопје со пароли и со маски

Со пароли и со маски, почна протестот на средношколците пред Собранието на Република Македонија. Од Собранието поворката ќе се упати кон Владата, а потоа и пред Министерството за образование.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...