fbpx

„Средношколски пленум“ со протест в четврток

-

В четврток  „Средношколски пленум“ повторно ќе протестира.

„На 23 април 2015 година, ве повикуваме заедно, сложно да кажеме „не“ на реформите кои од нас направија експериментални глувци. Да се изјасниме гласно, затоа што тишината не е решение! Ова е апел до граѓаните. Апел до учениците, родителите, наставниците и до студентите. Уште еднаш да покажеме дека и покрај вашето игнорантно однесување, пленумот цврсто стои зад своите барања. Оваа наша сплотеност може да укаже на три работи: дека не може нашето знаење да се покаже преку тест со 30 прашања, дека не го подобрувате образовниот процес со бинго-тестови на среќа и дека не дозволуваме да си играте со нашата иднина! Доста беше молк и доста беа реформи за кои се знаеше само зад затворени врати, без никаква шанса за отстапка и за приговор. Време е ученикот да може да учествува во донесувањето одлуки за неговото секојдневие и иднина“, се вели во објавата од „Средношколски пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...