fbpx

Додека средношколците бојкотираат, инспекции ги притискаат директорите

-

Веќе два дена средношколците ја бојкотираат наставата во дел од средните училишта низ земјата и покрај притисоците со кои се соочуваат. Во скопските средни училишта, учениците се во училиштата, но не ја посетуваат наставата, туку седат во холот или ходниците на училиштата.

Средношколците од скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ велат дека два дена ги посетува инспекција која се обидува да ги убеди да не ја бојкотираат наставата.

– И вчера и денеска имаме инспекција од Државен просветен инсепекторат да видат што се случува во училиштето. Заедно со директорот ни укажуваа за можните последици од бојкотот и нè информираа за казните што можат да ги имаат нашите родители доколку бојкотираме. Нè прашуваа која е целта на бојкотот и ни ги објаснуваа другите начини на кои може да постигнеме да ни се слушне гласот. Професорите си ја вршат својата работа и нè повикуваат на настава, но цело училиште денеска бојкотира – вели Моника Пешевска од „Раде Јовчевски Корчагин“.

Во Битола средношколците членови на „Средношколски пленум“ велат дека денеска и вчера не ја бојкотирале наставата, но можно е тоа да случи до крајот на неделата. Оттаму велат дека се зголемува расположението кај средношколците за бојкот на часовите и покрај сите притисоци на кои се подложени тие и нивните родители. Тие бараат враќање на стариот концепт на полагање на државна матура и укинување на екстерното тестирање.

– Пленумот во Битола нема да се смири сè додека не се исполнат нашите барања. Затоа не ја исклучуваме можноста бојкотот на наставата да почне до крајот на оваа недела – вели Евгениј Литовски, член на „Средношколски пленум“ од Битола.

Од „Средношколски пленум“ во Битола ги сметаат за малициозни најавите за изрекување парични казни за родителите и за наставниците што ќе го поддржат бојкотот на наставата во средните училишта во Битола.

Во Тетово учениците што посетуваат настава на македонски јазик од средното економско училиште „Осми Септември“ и гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, ја бојкотираа наставата по одржувањето на вториот час. Во другите средни училишта се бојкотираше само последниот час од наставата. Од „Средношколски пленум“ велат дека бојкотот ќе продолжи и утре, кога ќе се приклучат и учениците што посетуваат настава на албански јазик. Засега, според изјавите од пленумот, ниту еден ученик не добил закани и притисоци поради прекинот на наставата.

Во Охрид, од трите средни училишта бојкотот на наставата го прифатија само во гимназијата „Свети Климент Охридски“. Во попладневната смена, најголемиот број ученици од трета и од четврта година, наместо класична настава, одржуваат алтернативни часови.
Охридските гимназијалци бараат враќање на старата матура, односно таа да се полага како во 2013 година.

Тие не сакаат да одговорат на вчерашниот повик на министерот Абдилаќим Адеми да се вратат во училишните клупи. Најавија дека ќе го продолжат бојкотот и дека од утре ќе ги повикаат да им се приклучат и од економските паралелки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...