fbpx

Средношколците во Штип се подготвуваат за матура, бојкот нема

-

Во сите средни училишта во Источна Македонија редовно се изведува настава, а почнаа и активностите со матурските испити. Во тек е оценувањето на матурските задачи. Во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип, потврдија дека математика ќе се полага и тоа во еден клас, со математичка насока. Другите шест класа нема да полагаат математика.

Во училиштата сè уште има дилема дали полагањето матура ќе биде на стариот начин или на нов, според кој, во текот на два дена се полага по еден предмет.

Бојкот на наставата нема, а членовите на „Средношколски пленум“ се пожалија на партиски притисок врз нивните родители со предвремени најави за можни законски казни доколку нивните деца ја бојкотираат наставата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...