fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

„Фридом хаус“: Демократијата во Србија на најниско ниво од 2005 година

Степенот на демократскиот развој на Србија падна на најниско ниво од 2005 година, и покрај напредокот во процесот на европските интеграции, се оценува во најновиот извештај за Србија на организацијата „Фридом хаус“. „Во текот на 2016 година, демократијата во Србија дополнително се влоши, продолжувајќи го негативниот тренд од претходните две години. Додека некои подобрувања беа видливи во некои области поврзани...

Постизборни протести во Белград и во Нови Сад

Околу илјада луѓе, поголемиот дел млади, незадоволни од резултатите на изборите за претседател на Србија на кои убедливо победи Александар Вучиќ, протестираа денеска пред Собранието на Србија, во центарот на Белград, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Протестот наречен „Протест против диктатура“ е организиран преку „Фејсбук“ и, како што се наведува, нема организатор. Насобраните скандираа „Вучиќ крадецу“, „Кражба“, „Готов е“, „Не...

РИК ја потврди победата на Вучиќ во првиот круг

Убедливата победа на актуелниот српски премиер Александар Вучиќ во првиот круг на претседателските избори денеска ја потврди и Републичката изборна комисија, а честитки до Вучиќ стигнаа од ЕУ, САД, Русија и од соседните земји. Според последните резултати на РИК, на основа на обработени 91,23 отсто од избирачките места, Александар Вучиќ освоил 55,1 отсто од гласовите на излезените избирачи, додека за...

Хан: Вучиќ мора мудро да ја користи власта

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска изјави дека новоизбраниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, има обврска мудро да ја користи власта по убедливата победа на изборите. Хан рече дека Вучиќ има „одговорност внимателно да ја користи поддршката што ја добил“ и дека верува во уверувањата на Вучиќ за целосно почитување на уставот. Еврокомесарот синоќа преку „Твитер“ му ја честиташе...

Закани за претседателскиот кандидат Саша Јанковиќ

Саша Јанковиќ, кандидатот на граѓанската проевропска опозиција на претседателските избори во Србија, вели дека пријател од Безбедносно-информативната агенција (БИА) му рекол дека нема да биде безбедно за него да влезе во вториот круг на претседателските избори, оти може да се случи „сешто“. Во интервјуто објавено денеска на порталот „Инсајдер“, кандидатот на групата граѓани „За Србија без страв“ вели дека не...

Вучиќ доби дозвола да го посети Косово во рамки на изборната кампања

Косовската влада му одобри на српскиот премиер и кандидат за претседател на Србија, Александар Вучиќ, утре да го посети Косово и тоа на три часа, соопшти косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај. Шефот на косовската дипломатија рече дека ова е последен пат да им се дозволи на српски политичари да го посетат Косово како дел од изборна кампања. Тој истакна...

Шешељ: На границите треба ограда или минско поле за заштита од мигранти

Кандидатот за претседател на Србија и лидер на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, во синоќешното преставување на РТС рече дека на државните граници би требало да се подигне ограда за да се спречи илегалниот прилив на мигранти, а доколку тоа не е доволно, тогаш треба да се постави минско поле. Лидерот на радикалите рече дека е горд што толку години...

Величковски: Српската заедница во Македонија има поголеми права во однос на македонската во Србија

Српската национална заедница во Македонија ужива поголеми права во однос на македонската во Србија, а една од причините е што Владата во Скопје сè уште не ги делегирала своите претставници во мешовита меѓувладина комисија за следење на имплементацијата, така што ова тело ниту се состанало, ниту пак можеме да се повикаме на „реципроцитет“ во согласност со овој битен стратешки документ. Ова,...

Вучиќ: Ќе бидам претседател на сите, нема да ги делам граѓаните

Претседателскиот кандидат на владејачката коалиција во Србија, Александар Вучиќ, одржа предизборен митинг во Белград, а поддршка му дадоа претседателот во заминување, Томислав Николиќ, но и поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер, унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, и висок функционер од партијата на Владимир Путин, Единствена Русија, Петер Толстој. Вучиќ рече дека сака да биде претседател на сите, без да...

Воената гимназија во Белград попопуларна кај девојчињата отколку кај момчињата

За упис во воената гимназија за наредната учебна година се пријавиле деветпати повеќе кандидати отколку што има слободни места, а оваа година првпат има повеќе пријавени девојчиња отколку момчиња. Портпаролот на министерството за одбрана и за војска на Србија, Јован Кривокапиќ, рече дека во последните десет години заинтересираноста на младите за воената гимназија, но и за средното воено училиште и за...

Николиќ по претседателската функција ќе оди во пензија

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, изјави дека на 31 мај годинава, кога му истекува претседателскиот мандат, ќе поднесе барање за пензионирање, но наведе дека тоа не значи дека нема да се занимава со политика. За белградски „Курир“, Николиќ рече дека не вагал, ниту договарал дали и која функција ќе ја добие по мандатот, но дека едно е сигурно - „пензија...

Изборите во Србија ќе ги следи и Централната изборна комисија на Русија

Претседателските избори во Србија на 2 април ќе ги следи и Централната изборна комисија на Русија, која ќе има двајца набљудувачи, соопшти Републичката изборна комисија на Србија. За разлика од нив, ОБСЕ/ОДИХР нема да имаат набљудувачи на изборите, туку само ќе испратат мисија со ограничен капацитет, која ќе следи посебни аспекти на изборниот процес, односно правната рамка и медиумското известување. Од...

Николиќ: Бели може да им ги замрси конците на сите претседателски кандидати, освен на Вучиќ

Претседателот на Србија во заминување, Томислав Николиќ, изјави дека претседателскиот кандидат Лука Максимовиќ, кој се претставува под псевдонимот Љубиша Прелетачевиќ - Бели, е социолошки феномен кој може да им ги замрси конците на сите други претседателски кандидати, освен на лидерот на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ. - Победник на овие избори дефинтивно ќе биде Александар Вучиќ. Другите, кои себеси...

Во Србија 10 кандидати на претседателските избори

Републичката изборна комисија денеска прифати уште три кандидатури за претседателските избори во Србија, меѓу кои е и кандидатурата на лидерот на Лигата на социјалдемократите на Војводина, Ненад Чанак. Бројот на кандидатите што ќе се пресметаат на изборите на 2 април со тоа се зголеми на 10, а меѓу нив се лидерот на Српската напредна партија и актуелен премиер, Александар Вучиќ, двајца...

Заниер бара продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, синоќа во Приштина се заложи за продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија, како и за спроведување на досега постигнатите договори. Тој по средбата со претставници на Српската листа, соопшти дека главна тема на разговорите била „општата политичка и безбедносна состојба на малцинските заедници и функционирањето на институциите во заштита на немнозинските заедници“ во...

ЕУ: Повикот за суспензија на дијалогот со Белград не е во интерес на Косово

Повикот за суспензија на дијалогот меѓу Косово и Србија, во усвоената резолуција на косовскиот парламент, не придонесува за нормализирањето на односите меѓу Белград и Приштина и не е во согласност со досегашната посветеност на Косово на тој процес, соопштила денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Парламентот на Косово усвои резолуција со која се бара...

Јеремиќ ја поднесе претседателската кандидатура

Поранешниот шеф на српската дипломатија, Вук Јеремиќ, денеска на Републичката изборна комисија ѝ предаде околу 15.000 потписи за поддршка на неговата претседателската кандидатура. Јеремиќ рече дека одлучил да се кандидира за претседател затоа што во Србија сè поголем е јазот помеѓу богатите и сиромашните и затоа што е потребно да се промени системот кој престанал да биде во служба на...

Чедомир Јовановиќ најави поддршка за Саша Јанковиќ

Лидерот на Либерално-демократската партија на Србија, Чедомир Јовановиќ, вечерва најави дека неговата партија ќе ја поддржи кандидатурата на Саша Јанковиќ, јави дописникот на „Мета“ од Белград. Тој за телевизија Н1 рече дека на претседателството на партијата ќе предложи да го поддржат Јанковиќ и изрази уверение дека тоа и ќе се случи. - Тоа ќе го изнесам на претседателството на партијата и...

Бујар Нишани свечено дочекан во Бујановац

Претседателот на Албанија, Бујар Нишани, денеска околу пладне пристигна во Бујановац, со што ја почна посетата на општините во Србија со мнозинско албанско население. Како прв претседател на Албанија кој е во посета на Србија уште од 1948 година, на Нишани во Бујановац му беше приреден свечен дочек во присуство на локални функционери, но и на повеќе илјади граѓани кои...

Претседателот на Албанија утре на југот на Србија

Претседателот на Албанија, Бујар Нишани, утре ќе ги посети општините Прешево и Бујановац на југот на Србија, како прв претседател на Албанија кој доаѓа во Србија од 1948 година, кога прв и последен пат Белград го посети тогашниот претседател на Албанија, Енвер Хоџа. Нишани во Прешево и во Бујановац ќе разговара со локалните власти и со албанските политички претставници кои...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...