fbpx

Постизборни протести во Белград и во Нови Сад

-

Околу илјада луѓе, поголемиот дел млади, незадоволни од резултатите на изборите за претседател на Србија на кои убедливо победи Александар Вучиќ, протестираа денеска пред Собранието на Србија, во центарот на Белград, јавува дописничката на „Мета“ од Белград.

Протестот наречен „Протест против диктатура“ е организиран преку „Фејсбук“ и, како што се наведува, нема организатор.

Насобраните скандираа „Вучиќ крадецу“, „Кражба“, „Готов е“, „Не те сакаме Вучиќ“, „Оставка“, но немаше никакви транспаренти.

Тие ги повикуваа граѓаните да продолжат со протестите и да ги организираат и по помалите места низ Србија, наведувајќи дека тоа е „прва битка во војната за подобра иднина“ и дека ништо не се решава за еден ден, а особено не диктатура.

Неколку стотини граѓани се собраа денеска и во Нови Сад, на протестот наречен „Војводина против диктатурата“, каде што искажаа незадоволство од, како што велат, неизлегувањето на гласање на половина од нивните сограѓани.

И овој протест беше организиран преку социјалните мрежи, а најголем дел од насобраните беа млади, кои велат дека не сакаат да си одат од земјата поради изборните резултати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...