fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

Претседателот на Албанија утре на југот на Србија

Претседателот на Албанија, Бујар Нишани, утре ќе ги посети општините Прешево и Бујановац на југот на Србија, како прв претседател на Албанија кој доаѓа во Србија од 1948 година, кога прв и последен пат Белград го посети тогашниот претседател на Албанија, Енвер Хоџа. Нишани во Прешево и во Бујановац ќе разговара со локалните власти и со албанските политички претставници кои...

Вучиќ и Јанковиќ ги поднесоа кандидатурите за претседател на Србија

Два дена по распишувањето на изборите во Србија, до Републичката изборна комисија се поднесени потписи за двајца кандидати: актуелниот премиер Александар Вучиќ, кого го кандидира владејачката коалиција, и досегашниот народен правобранител, Саша Јанковиќ, кој се смета за кандидат на проевропската граѓанска опозиција. Собраните 17.866 потписи за кандидатурата на Саша Јанковиќ ги поднесе поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Србија, Душан...

Вучиќ: Јас да дадам изјава како Хашим Тачи, странците би ме обесиле на Теразије

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ја обвини меѓународната заедница за двојни стандарди бидејќи, како што изјави, не ги третира на ист начин изјавите на водечките политичари од Србија и од другите земји во регионот. По состанокот со високата претставничка за надворешна и за безбедносна политика на Европската Унија, Вучиќ се осврна на изјавата на претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој...

Могерини им порача на српските радикали: Чувајте си ги грлата за изборите

Сакаме мирна предизборна кампања, истакна шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, во обраќањето во српскиот парламент, додека пратениците на Српската радикална странка цело време извикуваа „Србија, Русија, не ни треба Унија“, а пратениците на Двери држеа пораки дека Србија не му верува на Брисел. Могерини на пратениците на СНС им порача дека нема да ја попречи нивното викање, дека ќе...

Бизнис-форумот на Копаоник ќе се одржи од 7 до 9 март, ќе има и претставници од Македонија

Традиционалниот бизнис-форум на Копаоник, годинава ќе се одржи од 7 до 9 март и на него ќе учествуваат повеќе од 1.000 учесници, високи државни функционери и влијателни бизнис-лидери, кои ќе ја разгледуваат програмата за реформи, не само во Србија, туку и во регионот. На првиот ден на форумот, говорник ќе биде и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој ќе...

По распишувањето на изборите, српската опозиција бара деблокада на собранието

Лидерите на српските опозициски партии и идните претседателски кандидати денеска оценија дека со распишувањето на претседателските избори и со нивното закажување за 2 април е оставен прекраток рок за собирање потписи, а прекинот на работата на парламентот до завршување на изборите го осудија како блокада на институцијата и „државен удар“. Поранешниот шеф на српската дипломатија, Вук Јеремиќ, во име на...

Претседателските избори во Србија ќе се одржат на 2 април

Претседателката на парламентот на Србија, Маја Гојковиќ, денеска ги распиша претседателските избори во земјата и тие ќе се одржат на 2 април. Таа им посака на граѓаните „да го изберат најдобриот кандидат, што сериозно и одговорно ќе соработува со владата и на Србија“ и кој ќе се „бори за територијалниот интегритет на државата“. На претседателските кандидати, пак, им порача на...

Српската јавност ја доживува ЕУ како „машина за притисок“, оцени Вучиќ

Српскиот премиер, Александар Вучиќ, денеска изјави дека јавноста во Србија ја доживува Европската Унија како „машина за притисок“ врз Белград за да го признае Косово. - Воопшто не е лесно да ги убедиш граѓаните во придобивките од Европа, откако нашата јавност одвреме-навреме ја гледа ЕУ како машина што врши сè поголем притисок врз нас по прашањето за Косово - рече Вучиќ на средба...

Во експлозија во Крагујевац загина едно лице, а по три сè уште се трага

Српскиот министер за одбрана, Зоран Ѓорѓевиќ, оцени дека постои опасност од нови експлозии во Техничко-ремонтниот завод во Крагујевац, каде вчера загина едно лице, а 25 припадници на српската војска се повредени при гаснењето на пожарот. Српските медиуми јавуваат дека група од 74 работници се безбедно евакуирани. Министерот формираше комисија која ќе ги истражи причините за несреќата. Сè уште се трага по...

Вучиќ: Нема да има вонредни парламентарни избори заедно со претседателските

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека нема да има вонредни парламентарни избори заедно со претседателските бидејќи, како што рече, за тоа нема причина. Вучиќ, кој ќе биде кандидат на владејачката коалиција на претседателските избори, за Радиотелевизија на Србија (РТС) рече дека не постојат причини за одржување на вонредни парламентарни избори. - Србија е стабилна економија. Потребен е пораст, сериозност,...

Вучиќ: Барањето на БИХ за ревизија на пресудата во Хаг е неодговорен потег

Највисоките државни функционери на Србија како „неодговорен потег“ го оценија и го осудија отворањето на постапката за ревизија на пресудата на Меѓународсниот суд на правдата во Хаг по тужба на Босна и Херцеговина против Србија за геноцид и предупредија дека со ваквиот чекор целиот регион се враќа во минатото. Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека барањето на БИХ е...

Србија: Штедачите од поранешна СФРЈ да ги пријават побарувањата

Министерството за финансии на Србија денеска ги повика сите штедачи кои до 27 април 1992 година имале девизни заштеди во банките на територија на поранешна СФРЈ да ги пријават своите побарувања. Повикот е упатен до државјаните на поранешните републики на СФРЈ кои чувале девизни заштеди во банки со седиште во Србија или нивни филијали на територија на поранешните југословенски републики. Повикот,...

Николиќ се откажа од кандидатурата за претседател на Србија и го поддржа Вучиќ

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, вечерва изјави дека нема повторно да се кандидира за таа функција и дека со актуелниот премиер, Александар Вучиќ, кој ќе биде кандидат на владејачката коалиција, се договорил и во иднина заедно да ја водат државата. - Се договоривме и понатаму заедно да ја водиме државата. За функциите ќе се договориме по победата на Вучиќ на...

Александар Вучиќ и официјално кандидат за српски претседател

Едногласно вечерва Главниот одбор на Српската напредна странка (СНС) го прифати предлогот на партиското претседателство, сегашниот премиер на Србија, Александар Вучиќ, да биде кандидатот на СНС на претстојните претседателски избори во Србија. Вучиќ изјави дека решил да ја прифати кандидатурата оти цврство верува дека „На србија и се неопходни работи, инвестиции, нови болници и иднина“. Обраќајќи се пред членовите на...

Николиќ сè уште чека договор, Вучиќ и натаму молчи

Претседателот на Србија Томислав Николиќ, по синоќешната неофицијална најава дека има намера повторно да се кандидира за шеф на државата, денеска изјави дека и понатаму чека договор со премиерот на земјата, Александар Вучиќ, кого врвот на неговата партија - Српската напредна странка (СНС) го предложи за претседателски кандидат. Вучиќ сè уште не излегол со став околу ова прашање. - Јас...

Албанија и Хрватска му пишаа на НАТО дека Србија му се заканува на Косово

Министрите за одбрана на Албанија и на Хрватска, Мими Кодели и Дамир Крстичевиќ, му пишале на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за најновите случувања на Косово, пишуваат приштинските медиуми. Во писмото, Кодели и Крстичевиќ ја осудуваат националистичката реторика на српските власти, кои како што се наведува, има за дел да го поткопа суверенитетот на Косово и да ја дестабилизира...

Вучиќ: Ако загубам на претседателските избори нема да бидам премиер

Српскиот премиер на Александар Вучиќ соопшти дека во случај да биде кандидат на претседателските избори во Србија и да изгуби нема да се врати на премиерската функција. - Тоа се подразбира. Доколку одам на избори и загубам, невозможно е да останам премиер, рече Вучиќ за РТС одговарајќи на прашањето дали ќе биде премиер доколку загуби на претседателските избори. Тој додаде...

Вучиќ кандидат на СНС за претседател на Србија

Претседателството на Српска напредна странка (СНС) вечерва едногласно се изјаснило кандидат за претседател на Србија да биде српскиот премиер и лидер на СНС, Александар Вучиќ. Седницата беше затворена за јавност, а после неа никој не давал изјави, Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, на поминување само кратко им дофрли на новинароте „Вучиќ, едногласно!“ Во соопштението по состанокот се наведува дека одлуката...

Навивачката група „Мајмуни“ до „Партизан“ и ПАОК: Банкрот за Грција и НАТО – 1999 за Србија

Навивачката група „Мајмуни“ на фудбалскиот клуб Победа од Прилеп, викендов им одговори на навивачите на српскиот клуб „Партизан“ и на грчкиот ПАОК, кои во средата во Солун истакнаа транспарент на кој беше испишано „Македонија е Грција, Косово е Србија“. Навивачите на „Победа“ од Прилеп објавија транспарент со кој на Грција и посакаа да банкротира, а Србија повторно да биде бомбардирана...

Дачиќ го повика Вучиќ да се кандидира за претседател на Србија

Потпретседателот на српската влада и лидер на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека на претседателските избори победа во првиот круг, како кандидат на владејачката коалиција, може да обезбеди само актуелниот премиер и лидер на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ, кого го повика да донесе „рационална одлука“. „Го повикувам Вучиќ да донесе рационална одлука која ќе донесе...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...