fbpx

Србија: Штедачите од поранешна СФРЈ да ги пријават побарувањата

-

Министерството за финансии на Србија денеска ги повика сите штедачи кои до 27 април 1992 година имале девизни заштеди во банките на територија на поранешна СФРЈ да ги пријават своите побарувања.

Повикот е упатен до државјаните на поранешните републики на СФРЈ кои чувале девизни заштеди во банки со седиште во Србија или нивни филијали на територија на поранешните југословенски републики.

Повикот, исто така, важи и за државјаните на Србија кои имале девизни заштеди кај филијали на банки од некои поранешни југословенски републики во Србија.

Пријавата за побарување може да се испрати по пошта, на адреса на Министерството за финансии на Србија, Управа за јавен долг (Сремска 3-5), а од 6 март и непосредно да се предадат на шалтерите на српската управа. Заедно со пријавата, девизниот штедач треба да поднесе заверена копија од лична карта, оригинално уверение од надлежните органи за промена на живеалиштето, оригиналната штедна книшка, изјава дека својата заштеда не ја пренел на друго лице, потврда од надлежните органи на поранешните републики на СФРЈ за тоа дека штедачот не го остварил своето право на основа на девизното штедење.

Долгот на штедачите ќе им биде испатен на 10 еднакви рати, а првата рата ќе биде исплатена на 3 август 2018 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...