fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

Прекината седницата на косовското собрание поради Харадинај

Косовското собрание вечерва ја прекина седницата во знак на протест поради одлуката на францускиот суд да го одложи до 2 март одлучувањето по барањето на Србија за екстрадиција на лидерот на партијата Алијанса за иднината на Косово (АБК), Рамуш Харадинај, јавува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Седницата била прекината на барање на шефот на пратеничката група на АБК, Пал...

Српските весници престанаа да се дистрибуираат во Македонија, оти МПМ им должи

Дневните весници од Србија од завчера не се дистрибуираат во Македонија поради долг на „Медија принт Македонија“ (МПМ) кон српскиот дистрибутер „Беоколп“, јавуваат српските медиуми. Комерцијалниот директор на „Беоколп“, Драшко Ѓуриќ, за Унијата на новинари на Србија (УНС) изјави дека МПМ повторно не исплатила пари за дистрибуција. - МПМ на „Беоколп“ не му исплатил три заостанати рати. Никогаш не је запираме дистрибуцијата...

Јанковиќ поднесе оставка поради претседателската кандидатура

Досегашниот народен правобранител на Србија, Саша Јанковиќ, денеска и формално поднесе оставка на функцијата, половина година пред истекот на вториот петгодишен мандат, бидејќи ќе се кандидира за претседател на Србија. - Одлучив да се кандидирам и да ја вратам смислата на институцијата претседател и за да гарантирам дека ќе биде во функција на граѓаните, а не на еден човек –...

Јанковиќ: Јас својата мисија ја завршив, чувајте го омбудсманот како институција

Српскиот народен правобранител, Саша Јанковиќ, кој најави дека ќе кандидира за претседател на Србија, приреди прием по повод 10 години од постоењето на институцијата со која раководи и порача дека тој својата мисија на тоа место ја завршил. - Србија денеска има институција - заштитник на граѓаните и таа институција го чува нивното достоинство. Чувајте го заштитникот на граѓаните, ќе ви...

Вучиќ ја обвини Приштина за неуспехот на дијалогот и ги повика Србите да останат мирни

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ја обвини делегацијата на Косово за неуспехот на последната рунда од дијалогот во Брисел и по тој повод побара реакција од високата претставничка за надворешна и за безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини. Вучиќ ги повика Србите на Косово да останат мирни, да веруваат во својата држава и да не го напуштаат Косово,...

Вучиќ: Ципрас немаше забелешки за односите Белград – Скопје

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека од грчкиот премиер Алексис Ципрас не чул никакви забелешки на сметка на односите меѓу Белград и Скопје. – Ниту тој имаше што било да ни забележи нам, ниту, пак, имаше што да им забележи ним – рече Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали имало некакви забелешки од страна на Грција во односот...

Србија и понатаму помеѓу земјите со висока корупција

Србија, според индексот за корупција, има 42 поени и се наоѓа на 72. место од вкупно 176 земји, односно и понатаму се наоѓа помеѓу земјите со високо ниво на корупција, соопшти денеска „Транспарентност“ - Србија. Како што се наведува во извештајот, нема значајни промени во рангирањето на Србија уште од 2008 година. Минатата година, Србија беше на 71. место со...

Азески – Чадеж: Економијата да биде пред политиката помеѓу Македонија и Србија

Економската соработка помеѓу Македонија и Србија треба да биде пред политиката, истакнаа претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во текот на последната работна средба, која се одржа во Скопје. Од Стопанска комора на Македонија информираа дека тие апелирале до владите на двете земји да направат сè што е потребно да...

Вучиќ и Николиќ заедно ќе одат во Брисел на продолжението на дијалогот со Приштина

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска најави дека на продолжението на дијалогот со Приштина, закажно за вторник следната недела, во Брисел, покрај него ќе учествува и претседателот на земјата, Томислав Николиќ. Вучиќ додаде дека очекува и другата страна, односно Косово, да ги испрати своите највисоки претставници. „Се надевам дека ќе има доволно разум и рационален пристап да не се повторни...

МНР за „Мета“: Дачиќ се плаши изливите на шовинизам да ги насочи кон големите сили

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, се плаши своите изливи на шовинизам да ги изрази кој најголемите сили кои го признаа Косово, па затоа се конфротира со најмалите земји во Европа, велат за „Мета“ од Министерството за надворешни работи на Македонија, по последната изјава на шефот на српската дипломатија во која се прашува зошто Република Македонија членува...

Дачиќ: Ако ви е навредливо БЈРМ, зошто седите во ОН, ЕУ, ОБСЕ и во Советот на Европа?

За Србија е навредливо користењето на називот „Република Косово“, изјави денеска шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, по повод барањето на Министерството за надворешни работи на Македонија да не се користи референцата БЈРМ, затоа што е навредлива. - Ние бараме обостран коректен однос. Ако веќе протестираат поради признаницата за патарина, што би требало ние да направиме поради нивното признавање на...

Од утре Србија ја брише БЈРМ од патарините, велат за „Мета“ од „Путеви Србије“

Македонија веќе цел месец фигурира со ознаката БЈРМ на сметките од патарините во Србија, соопштија за „Мета“ од српското јавно претпријатие „Путеви Србије“. „Во однос на Вашето прашање, поврзано со натписот на признаницата за наплата на патарина на делница од автопатот кај Прешево, Ве известуваме дека системот за наплата на патарините на наведената делница е пуштен во употреба пред еден...

Нишани ги обвини српските политичари дека се враќаат во времето на Милошевиќ

Претседателот на Албанија, Бујар Нишани, ги обвини српските политичари дека се враќаат во времето на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ и дека поттикнуваат тензии и конфликт на Балканот, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Нишани обвинувањата ги изнесе за време на вчерашниот прием за дипломатскиот кор во Тирана, по повод Нова година, притоа алудирајќи на потерницата издадена од српските власти за...

Вучиќ им забрани на министрите да ги коментираат случувањата во регионот

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска потврди дека премиерот Александар Вучиќ на сите министри, државни функционери и службеници им забранил да ги коментираат случувањата во регионот, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. „Премиерот нè замоли да му овозможиме, поради сериозноста на темите и на регионалните односи, тој да одговара на прашањата во врска со регионалните политички теми“,...

Возот украсен со фрески, наместо на Косово, ќе вози од Краљево до Пожега

Возот во боите на српското знаме, испишан со паролите „Косово е Србија“ на дваесетина јазици, нема да сообраќа од Белград до Косовска Митровица, како што претходно беше планирано, туку од утре ќе превезува патници од Краљево до Пожега, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. - Поради безбедност на патниците и на вработените во железницата, одлучив овој воз повеќе да не...

Чувар крадел лични предмети на Тито од Музеј во Белград

Белградската полиција уапсила вработен од обезбедувањето на Музеј на историјата на Југославија, под сомневање дека украл предмети од музејот кои му припаѓале на Јосип Броз Тито. Како што денеска соопшти српското министерство за внатрешни работи, осомничениот И.М. (38) крадел експонати од збирката „Подароци и лични предмети на Јосип Броз Тито“, за чие чување бил задолжен, брошеви и игли за вратоврски...

Вонредна седница на албанскиот парламент поради српскиот воз на Косово

Одборот за надворешна политика на парламентот на Албанија одржал вонредна седница за неодамнешните случувања на Косово, јавува приштинскиот весник „Коха“, додавајќи дека од истите причини е свикана седница и на албанскиот парламент. На седницата се разговарало за пробната линија на возот Белград – Косовска Митровица, како и за апсењето на лидерот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, по...

Лавров: Не смее да се дозволи вооружен конфликт на Балканот

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, рече дека војна на Балканот не смее да има, како и дека на албанските сили не им е местото на северот на Косово и Метохија. Тој го истакна ова на годишната конференција на руското министерство за надворешни работи, на кој една од темите беа и неодамнешните „искри“ помеѓу Белград и Приштина. - Силите на косовските...

Николиќ: Испраќањето војска на Косово е заклучок на Советот за национална безбедност

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, ги отфрли обвинувањата дека „ѕвечка со оружје“ и додаде дека неговата изјава за испраќање војска на Косово е заклучок на Советот за национална безбедност. - Ние не ѕвечкаме со оружје туку на тоа предупредивме доколку биде загрозен српскиот народ на Косово и Метохија. Србија ќе ги одбрани Србите. И тука постои согласност помеѓу владата и...

Вук Јеремиќ потврди дека ќе се кандидира за претседател на Србија

Поранешниот министер за надворешни работи на Србија и директор на Центарот за меѓународна соработка и одржлив развој (ЦИРСД), Вук Јеремиќ, денеска потврди дека ќе се кандидира за претседател на Србија, додавајќи дека тоа ќе го направи затоа што ја сака Србија и нема да се согласи на нејзино пропаѓање. Јеремиќ истакна дека доколку биде избран, ќе биде претседател на сите...