Јанковиќ: Јас својата мисија ја завршив, чувајте го омбудсманот како институција

-

Српскиот народен правобранител, Саша Јанковиќ, кој најави дека ќе кандидира за претседател на Србија, приреди прием по повод 10 години од постоењето на институцијата со која раководи и порача дека тој својата мисија на тоа место ја завршил.

– Србија денеска има институција – заштитник на граѓаните и таа институција го чува нивното достоинство. Чувајте го заштитникот на граѓаните, ќе ви треба – рече Јанковиќ.

На приемот не присуствуваа претставници на српската влада, ниту други државни службеници, но присуствуваа претставници на независни институции, опозициски партии и странски дипломати.

На Саша Јанковиќ на почетокот на август му истекнува вториот петгодишен мандат, но тој на крајот на минатата година најави дека ќе се кандидира на претседателските избори затоа што голем број јавни личности со јавен апел го повикаа да го направи тоа. Неговата кандидатура досега ја поддржаа Демократската партија и Новата партија на Зоран Живковиќ.

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Нема пари да се доврши Студијата за валоризација – заштитата на Демир Капија е неизвесна

Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива...

УЈП: Лани во декември дискотеката „Пулс“ не беше пломбирана, туку казнета

Во декември минатата година, дискотеката „Пулс“ била не била „пломбирана“ од Управата за јавни приходи, но она што можеме да го потврдиме е дека за овој објект е изречена казна за...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти...