недела, 14 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Саша Јанковиќ | 23 резултати

Јанковиќ обвини за кражба, Вучиќ повика гласовите да се бројат пред камери

април 9, 2017

Победникот на претседателските избори во Србија, актуелниот премиер Александар Вучиќ повика Републичката изборна комисија јавно да ги отвори вреќите со гласачките ливчиња од избирачките места за кои неговиот противкандидат Саша Јанковиќ рече дека се „украдени“. Од изборниот штаб на Јанковиќ, поранешен народен правобранител, порачаа дека Александар Вучиќ украл 319.000 гласа за време на изборите на […]

Вучиќ победи во првиот круг на претседателските избори во Србија

април 2, 2017

Претседателскиот кандидат на владејачката коалиција и лидер на Српската народна странка, Александар Вучиќ, победи на претседателските избори во Србија во првиот круг, соопштија вечерва агенцијата „Ипсос“ и Центарот за слободни избори и демократија (ЦСИД), јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Според ЦСИД, на примерок од 72,2 отсто од обработените податоци, Вучиќ освоил 56,1 отсто од […]

Јанковиќ и Јеремиќ веруваат во промени што можат да ги донесат изборите

април 2, 2017

Претседателските кандидати и главни политички ривали на Александар Вучиќ, поранешниот омбудсман Саша Јанковиќ и поранешниот шеф на дипломатијата Вук Јеремиќ, се надеваат дека денешните избори во Србија можат да донесат важни промени, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Јанковиќ, кој е поддржан од интелектуалната и граѓански ориентирана елита, посака Србија да има „среќни и успешни демократски избори“ […]

Утре се одржуваат претседателски избори во Србија

април 1, 2017

Граѓаните на Србија утре избираат претседател, а најголеми шанси за победа има кандидатот на владејачката коалиција, актуелниот премиер Александар Вучиќ, јави дописничката на „Мета“ од Белград. Според предизборните анкети, Вучиќ има реални шанси да победи веќе во првиот круг, особено ако излезноста на гласачите не биде голема. Втор, според најголемиот број истражувања, е поранешниот омбудсман, Саша […]

Последен ден за изборната кампања во Србија

март 30, 2017

Во Србија на полноќ почнува предизборниот молк за претседателските избори на 2 април, на кои фаворит е кандидатот на владејачката коалиција, актуелниот премиер Александар Вучиќ. Предизборните анкети покажуваат дека Вучиќ со поддршка од околу 50 проценти има реални шанси да победи во првиот круг, ако на изборите излезат помалку од четири милиони избирачи. Втор, според […]

Завршен митинг на претседателскиот кандидат Саша Јанковиќ вечерва во Белград

март 29, 2017

Околу 20.000 граѓани се собраа вечерва во центарот на Белград на завршниот предизборен митинг на претседателскиот кандидат Саша Јанковиќ, од кој е порачано дека на Србија не ѝ треба лидер, туку претседател, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Митингот го отворил српскиот пејач Владо Георгиев, а покрај него зборувале бројни јавни личности, меѓу кои актерите […]

Закани за претседателскиот кандидат Саша Јанковиќ

март 29, 2017

Саша Јанковиќ, кандидатот на граѓанската проевропска опозиција на претседателските избори во Србија, вели дека пријател од Безбедносно-информативната агенција (БИА) му рекол дека нема да биде безбедно за него да влезе во вториот круг на претседателските избори, оти може да се случи „сешто“. Во интервјуто објавено денеска на порталот „Инсајдер“, кандидатот на групата граѓани „За Србија […]

Државјаните на Србија во странство, до утре треба да се пријават за гласање за претседателските избори

март 10, 2017

Државјаните на Србија кои престојуваат во странство, најдоцна до сабота, 11 март, треба да поднесат барање за да се запишат во единствениот избирачки список за на 2 април да имаат можност да гласаат на претседателските избори, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Тоа барање се поднесува до амбасадите и до конзулатите на Србија во странство. Увид […]

Чедомир Јовановиќ најави поддршка за Саша Јанковиќ

март 7, 2017

Лидерот на Либерално-демократската партија на Србија, Чедомир Јовановиќ, вечерва најави дека неговата партија ќе ја поддржи кандидатурата на Саша Јанковиќ, јави дописникот на „Мета“ од Белград. Тој за телевизија Н1 рече дека на претседателството на партијата ќе предложи да го поддржат Јанковиќ и изрази уверение дека тоа и ќе се случи. – Тоа ќе го […]

Вучиќ и Јанковиќ ги поднесоа кандидатурите за претседател на Србија

март 5, 2017

Два дена по распишувањето на изборите во Србија, до Републичката изборна комисија се поднесени потписи за двајца кандидати: актуелниот премиер Александар Вучиќ, кого го кандидира владејачката коалиција, и досегашниот народен правобранител, Саша Јанковиќ, кој се смета за кандидат на проевропската граѓанска опозиција. Собраните 17.866 потписи за кандидатурата на Саша Јанковиќ ги поднесе поранешниот селектор на […]

Јанковиќ поднесе оставка поради претседателската кандидатура

февруари 7, 2017

Досегашниот народен правобранител на Србија, Саша Јанковиќ, денеска и формално поднесе оставка на функцијата, половина година пред истекот на вториот петгодишен мандат, бидејќи ќе се кандидира за претседател на Србија. – Одлучив да се кандидирам и да ја вратам смислата на институцијата претседател и за да гарантирам дека ќе биде во функција на граѓаните, а […]

Јанковиќ: Јас својата мисија ја завршив, чувајте го омбудсманот како институција

февруари 7, 2017

Српскиот народен правобранител, Саша Јанковиќ, кој најави дека ќе кандидира за претседател на Србија, приреди прием по повод 10 години од постоењето на институцијата со која раководи и порача дека тој својата мисија на тоа место ја завршил. – Србија денеска има институција – заштитник на граѓаните и таа институција го чува нивното достоинство. Чувајте го […]

Србија: Демократска странка ја поддржа кандидатурата на Саша Јанковиќ

јануари 10, 2017

Српската партија Демократска странка (ДС) ќе го поддржи актуелниот народен правобранител Саша Јанковиќ како кандидат на изборите за претседател на Србија, едногласно денеска одлучи претседателството на опозициската партија. Претседателот на ДС, Драган Шутановиќ рече дека Јанковиќ е „персонификација на вредностите за кои се залага ДС“. – Водени од интересите на граѓаните, убедени сме дека тој […]

Омбудсманот Саша Јанковиќ потврди дека ќе се кандидира за претседател на Србија

декември 26, 2016

Српскиот народен правобранител, Саша Јанковиќ, денеска изјави дека ќе се кандидира за претседател на Србија, кога ќе бидат распишани изборите, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. – Ќе бидам кандидат на граѓаните. Како и досега, ќе си ја работам својата работа строго според законите и Уставот. Во Србија треба да постои ред, а не неизвесност […]

Српскиот омбудсман бара да се утврди дали во земјата има илегална депортација на мигранти

декември 22, 2016

Српскиот народен правобранител, Саша Јанковиќ, побара да се спроведе истрага за случајот со седумчленото семејство бегалци од Сирија, за кое постојат сомневања дека е жртва на обид за илегална депортација. Официјално објаснување за случајот чекаат и УНХЦР и другите меѓународните организации кои се грижат за третманот на бегалците во Србија. Семејството од Сирија минатиот викенд […]

Вучиќ: Немам намера да одговорам на бесмислиците на омбудсманот

декември 15, 2016

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека нема потреба да одговара на отвореното писмо што до него го упати народниот правобранител Саша Јанковиќ, со образложение дека „не сака да се осврнува на бесмислиците кои ги говорат политичарите“, алудирајќи притоа на српскиот омбудсман. „Јанковиќ е политичар, добар или лош, тоа ќе каже народот. Мислам дека […]

Српскиот народен правобранител го обвини премиерот Вучиќ за поттикнување омраза

декември 14, 2016

Српскиот народен правобранител Саша Јанковиќ денеска го обвини премиерот Александар Вучиќ за „поттикнување омраза и нетрпеливост“ поради вчерашната изјава на премиерот во која тој за омбудсманот и за уште неколку луѓе рече дека се „априори против државата и својот народ“. Во отвореното писмо на Јанковиќ до Вучиќ, народниот правобранител наведува дека Србија „заслужува повеќе и […]

Српскиот омбудсман се уште не одлучил дали ќе кандидира за претседател на Србија

ноември 25, 2016

Народниот правобранител на Србија, Саша Јанковиќ се уште не одлучил дали ќе ја прифати иницијативата на 100 јавни личности да се кандидира за претседател на земјата, јави дописникот на „Мета“ од Белград. Заблагодарувајќи им се на потписниците на апелот за поддршката и за довербата, Јанковиќ соопшти дека со соработниците ќе продолжи да работи како што […]

Сто јавни личности побараа од српскиот омбудсман да се кандидира за претседател на државата

ноември 25, 2016

Стотина јавни личности во Србија, меѓу кои угледни книжевници, новинари, глумци и професори, денеска упатија апел до народниот правобранител, Саша Јанковиќ, да се кандидира за претседател на Србија како непартиски кандидат и ги повикаа демократски ориентираните граѓани и партии да ја поддржат оваа иницијатива. Тие оценуваат дека Србија веќе неколку години се соочува со длабока […]

Страна 1 од 1