fbpx

Јанковиќ обвини за кражба, Вучиќ повика гласовите да се бројат пред камери

-

Победникот на претседателските избори во Србија, актуелниот премиер Александар Вучиќ повика Републичката изборна комисија јавно да ги отвори вреќите со гласачките ливчиња од избирачките места за кои неговиот противкандидат Саша Јанковиќ рече дека се „украдени“.

Од изборниот штаб на Јанковиќ, поранешен народен правобранител, порачаа дека Александар Вучиќ украл 319.000 гласа за време на изборите на 2 април. Вучиќ освои уште во првиот круг на претседателските избори со 55 отсто од гласовите.

„При проверката на вреќите со гласачки ливчиња во 25 избирачки места кои ги отворивме во Републичката изборна комисија (РИК) откривме дополнително тешки нарушувања на изборниот процес. Има огромна разлика помеѓу физичкото пребројување на гласовите и бројот на гласовите внесени во избирачките протоколи. Вучиќ потенцијално украл цели 319.000 гласа. Изборниот штаб на Саша Јанковиќ вчера побара од РИК да добие пристап до вреќите со билтени од 25 избирачки места по случаен избор. Стигнавме до скандалозни неправилности при пребројувањето на гласовите. Само во Нови Пазар од две избирачки места Вучиќ „добива“ 543 гласа, за 250 повеќе од преброените гласачки ливчиња во вреќите. Слични неправилности има и во останатите избирачки места“, се вели во официјалното соопштение од штабот на Јанковиќ.

Вучиќ реагираше остро – рече оти некои политичари знаат дека самите се крадци, па мислат дека и другите крадат како нив.

– Тоа е ноторна глупост – одговори Вучиќ на прашањето на новинарите како реагира на обвинувањата за кражба на 319.000 гласови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...