fbpx

Саша Јанковиќ ќе формира политичко движење како одговор на Вучиќ

-

Саша Јанковиќ, еден од кандидатите на неодамна одржаните претседателски избори во Србија, денеска најави дека во следните денови ќе формира движење во кое ќе влезат партии, организации и поединци што ја поддржаа неговата кандидатура и со кои ќе учествува на следните избори.

На конференција за медиумите, Јанковиќ рече дека тоа е „одговор на силата“ што ја применува Александар Вучиќ и дека новото движење на граѓаните ќе им понуди „вистина наместо лагите и држава наместо дружина“. Рече дека во движењето ќе влезе и Нова партија (Нова странка) на некогашниот премиер Зоран Живковиќ, која цело време го поддржуваше, додека Демократската партија ќе продолжи да дејствува паралелно и самостојно, но во истата насока и промовирајќи ги истите вредности.

Саша Јанковиќ рече и дека ги поддржува протестите на луѓето што велат „не“ на диктатурата, но и дека ја почитува желбата на организаторите да не им се приклучуваат политички партии и политички организации. Нагласи дека не е подготвен со сила да ја брани изборната волја на граѓаните и порача дека ќе ги повика пратениците да ја „заживеат“ работата на парламентот и да не го бојкотираат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...