Вучиќ: Немам намера да одговорам на бесмислиците на омбудсманот

-

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека нема потреба да одговара на отвореното писмо што до него го упати народниот правобранител Саша Јанковиќ, со образложение дека „не сака да се осврнува на бесмислиците кои ги говорат политичарите“, алудирајќи притоа на српскиот омбудсман.

„Јанковиќ е политичар, добар или лош, тоа ќе каже народот. Мислам дека лошото е во тоа што, она што го говори го кажува од функцијата на која се наоѓа сега“, рече Вучиќ пред новинарите во собранието на Србија, каде учествуваше на економска конференција.

Вучиќ рече и дека му „честита на Јанковиќ за неговата популарност во Хрватска“, додавајќи дека од друга страна, како што видел, тој (Вучиќ) е најнепопуларната личност таму.

Српскиот народен правобранител Саша Јанковиќ денеска го обвини премиерот Александар Вучиќ за „поттикнување омраза и нетрпеливост“ поради вчерашната изјава на премиерот во која тој за омбудсманот и за уште неколку луѓе рече дека се „априори против државата и својот народ“.

Во отвореното писмо на Јанковиќ до Вучиќ, народниот правобранител наведе дека Србија „заслужува повеќе и подобро од ваквиот начин на извршување на власта“ и посочувајќи дека речникот на Вучиќ е знак за тоталитарно, а не за демократско уредување.

Maлолетници од Битола се здобиле со тешки повреди во сообраќајка со мопеди

Мопеди управувани од малолетници се судриле во Битола, а од ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачите на мопедите кои биле малолетни, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во...

Прскањето вода на ниви под далекуводи може да е кобно, предупредува МЕПСО

Земјоделците во екот на сезоната за наводнување и жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далекуводите...

Реконструирани 24 километри пат од Охрид до Свети Наум

Денеска во Охрид беше пуштен во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Свети Наум. Обновени се 24,3 километри магистрален пат, а инвестицијата е 11,7 милиони евра. Со реконструкцијата е направена...

Обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата во „Пулс“

Обвинителен акт против вкупно 34 физички и 3 правни лица осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ која однесе 62 животи, соопшти денеска на прес-конференција државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Информирајќи за...

Maлолетници од Битола се здобиле со тешки повреди во сообраќајка со мопеди

Мопеди управувани од малолетници се судриле во Битола, а од ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачите на мопедите кои биле малолетни, информираат во Министерството за внатрешни работи...