fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

Поради безбедносни причини, запрен возот од Белград за Косовска Митровица

Возот кој утринава од Белград тргна за Косовска Митровица стигна денеска попладне до Рашка, на последната станица пред границата со Косово, каде е запрен поради безбедносни причини. Првиот воз од Белград за Косовска Митровица по 18 години тргна утринава и требаше да стигне на крајната дестинација во 19 часот. Возот е украсен со боите на знамето на Србија и на...

Од Белград со фрески и во боите на српското знаме, тргна возот за Косовска Митровица

Од белградската железничка станица утринава тргна возот за Косовска Митровица, украсен со боите на српското знаме и испишан со паролите „Косово е српско“ на 21 јазик, вклучувајќи го и албанскиот. Тоа е првиот воз што од Белград тргна за Косовска Митровица по 18 години. Станува збор за промотивно возење на пробната линија Белград - Косовска Митровца, која ќе биде воспоставена од...

Србија не се откажува од барањето за испорачување на Харадинај

Владата на Србија денеска соопшти дека нема да се откаже од барањето за испорачување на еден од поранешните команданти на ОВК, Рамуш Харадинај, тврдејќи дека има 30 нови сведоци и проширена истрага против него. - Се надеваме дека француските правосудни органи постапуваат професионално и во склад со меѓународните закони и дека ќе ни го испорачаат Харадинај за постапката против него...

Рама ја поздрави одлуката за условно ослободување на Харадинај

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска ја поздрави одлуката на францускиот суд условно да го ослободи Рамуш Харадинај, кој на 4 јануари беше уапсен и притворен од француските власти врз основа на потерница од Србија поради воени злосторства, извршени во текот на 1998 и 1999 година. Рама рече дека во моментот треба да се истакнат политичките и дипломатиските напори на...

Средба на Бајден со косовскиот претседател Хашим Тачи

Потпретседателот на САД во заминување, Џо Бајден, денеска се сретнал со претседателот на Косово, Хашим Тачи, соопштија од кабинетот на Бајден во Вашингтон. Бајден, како што се наведува, на средбата истакнал дека САД и понатаму остануваат подготвени да продолжат да го помагаат развојот на Косово и целосната интеграција на земјата во меѓународната заедница. Тој уште еднаш ја повикал владата во Приштина...

Харадинај на условна слобода во Франција

Судот во Колмар одлучи условно да го ослободи Рамуш Харадинај, кого француските власти го притворија на 4 јануари на аеродромот во Базел, по потерница од Србија за воени злосторства, извршени во текот на 1998 и 1999 година, соопшти неговиот адвокат Арианит Кочи, кој присуствувал на денешното рочиште. Харадинај нема да може да ја напушти Франција и ќе мора двапати неделно...

Проширени обвинувањата против Харадинај

Обвинителството за воени злосторства на Србија ги прошири обвинувањата против еден од поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово, Рамуш Харадинај, кој беше уапсен во Франција по налог на Србија која го товари за воени злосторства. Одлуката е донесена затоа што обвинителството дошло до нови докази. Се работи за собрани докази за одговорноста на Харадинај за воените злосторства на Косово, кои...

Србија: Демократска странка ја поддржа кандидатурата на Саша Јанковиќ

Српската партија Демократска странка (ДС) ќе го поддржи актуелниот народен правобранител Саша Јанковиќ како кандидат на изборите за претседател на Србија, едногласно денеска одлучи претседателството на опозициската партија. Претседателот на ДС, Драган Шутановиќ рече дека Јанковиќ е „персонификација на вредностите за кои се залага ДС“. - Водени од интересите на граѓаните, убедени сме дека тој е најдобар кандидат и дека ќе...

Србија достави барање до Франција за екстрадиција на Харадинај

Министерството за правда на Србија денеска им испратило на правосудните органи во Франција барање за екстрадиција на некогашниот лидер на Ослободителната војска на Косово и претседател на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, кого Белград го товари за воени злосторства за време на вооружените судири во 1998 и 1999 година, јавуваат српските медиуми. Со барањето за испорака испратена е...

Поради снегот и студот, прогласена вонредна состојба во 10 општини во Србија

Поради снегот и екстремно ниската температура, во Србија и понатаму на сила е црвениот метеоаларм, а во десет општини, во централниот и во јужниот дел на земјата, прогласена е вонредна состојба. Според податоците од Автомото-сојузот на Србија, големите снежни наноси и силниот ветер го отежнуваат сообраќајот, но и покрај ваквата состојба, сите патишта се проодни. Изминатата ноќ најкритично беше на југот...

Приштина ќе ги преоцени своите односи со Белград по апсењето на Харадинај

Шефот на косовската дипломатија, Енвер Хоџај, синоќа соопшти дека официјална Приштина веќе презела соодветни мерки кон Србија и дека тоа повторно ќе го стори во иднина, откако поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај беше уапсен во Франција по потерница издадена од Белград. - Вчера презедовме реципрочни мерки против српскиот претседател Томислав Николиќ и тоа повторно ќе го направиме во иднина. Треба да...

Снегот и силниот ветер го блокираа сообраќајот на автопатот Белград – Ниш

Поради снегот и силниот ветер во прекин е сообраќајот на автопатот Белград - Ниш, кај клучката Трупале, во околината на Ниш, а дел од возилата се пренасочуваат по стариот пат преку Алексинац, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. Во прекин е и сообраќајот на патот Ниш - Југ, на излезот од Ниш, каде дојде до верижен судир на возила, во...

ОМД бара Дачиќ да се извини за изјавата за Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја осуди изјавата на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, дадена на почетокот на оваа недела, во која, тој изрази жалење што Србија ја призна Македонија под нејзиното уставно име. „Сметаме дека ваквите испади, чија цел е собирање евтини политички поени воопшто не му доликуваат на министер на држава со евроинтеграциски аспирации. Дачиќ треба...

Грчки медиуми: Црвен картон од Србија за Скопје!

Голем број грчки медиуми ги пренесоа изјавите на српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, дека Србија не требало да ја признае Македонија под уставното име. „Српско МНР: Направивме грешка што БЈРМ ја признавме под уставното име“, „Изјава на српскиот премиер за шамарот кон Грците - Не требаше да ја признаеме БЈРМ под уставното име“, „Дачиќ: Грешка што го признавме...

Новите докази ги дополнуваат обвиненијата против Харадинај, вели српското обвинителство

Српското обвинителство за воени злосторства соопшти дека се добрани уште докази што ги дополнуваат обвиненијата за кои се товари лидерот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај. Раководителот на обвинителството, Милан Петровиќ, за Радио-телевизија Србија рече дека е задоволен што по потерницата на српското правосудство се постапува во земјите на ЕУ. Кога станува збор за забрзување на постапката за екстрадиција, Петровиќ...

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај уапсен во Франција

Претседателот на Алијансата за иднина на Косово и поранешен премиер, Рамуш Харадинај, бил уапсен денеска во Франција по потерница од Србија, јавуваат светските медиуми. Официјална потврда за апсењето на Харадинај сè уште нема од министерството за правда на Косово, но информацијата за косовските медиуми ја потврдило неговото семејство. Косовските медиуми јавија дека Харадинај е уапсен врз основа на меѓународна потерница издадена...

Заканите на Дачиќ се пукање во празно, оценува српски „Блиц“

„Пукање во празно“ би можеле да се наречат „заканите“ на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, на сметка на соседните држави, Црна Гора и Македонија, коментира денеска српскиот весник „Блиц“. Дачиќ во новогодишното интервју за „Бета“ наведува дека Србија игра конструктивна улога во решавањето на проблемите во регионот и дека не станува збор за некаква одмазда, но истакнува дека одвај...

Дачиќ ја спушта топката: Пријателството треба да се почитува и во Скопје и во Белград

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, вечерва изјави дека сe согласува со ставовите со македонското Министерство за надворешни работи оти не треба да се урива пријателството меѓу Србија и Македонија и додаде дека тоа треба да важи и во Белград и во Скопје, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. По повод реакцијата на македонското МНР на неговата изјава дека Србија згрешила...

Дачиќ е пресметлив националист кој отвора нови фронтови, реагира српската ЛДП

Ивица Дачиќ со своите најнови изјави свесно ги нарушува односите во регионот и повторно предизвикува и провоцира реакции од земјите од соседството, се вели едното од двете соопштенија на српската Либерално-демократска партија, како реакција на интервјуто на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, во кое тој, меѓу другото, изјави дека Србија направила голема грешка со признавањето на Македонија под уставното...

Дачиќ: Србија погреши што ја призна Македонија под уставно име

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, рече дека Србија погрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име затоа што Македонија го признала Косово и го поддржала неговото членство во УНЕСКО. - Србија направи голема грешка. Цела Европа и целиот свет го користат називот Поранешна Југословенска Република Македонија, а ние им удривме шамар на нашите браќа Грци и сега очекуваме...

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...