fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

Српскиот омбудсман бара да се утврди дали во земјата има илегална депортација на мигранти

Српскиот народен правобранител, Саша Јанковиќ, побара да се спроведе истрага за случајот со седумчленото семејство бегалци од Сирија, за кое постојат сомневања дека е жртва на обид за илегална депортација. Официјално објаснување за случајот чекаат и УНХЦР и другите меѓународните организации кои се грижат за третманот на бегалците во Србија. Семејството од Сирија минатиот викенд беше пронајдено во шума во...

Вучиќ: Немам намера да одговорам на бесмислиците на омбудсманот

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека нема потреба да одговара на отвореното писмо што до него го упати народниот правобранител Саша Јанковиќ, со образложение дека „не сака да се осврнува на бесмислиците кои ги говорат политичарите“, алудирајќи притоа на српскиот омбудсман. „Јанковиќ е политичар, добар или лош, тоа ќе каже народот. Мислам дека лошото е во тоа што,...

Косово и официјално го доби повикувачкиот број 383

Министерката за дијалог во владата на Косово, Едита Тахири, денеска соопшти дека Меѓународната телекомуникациска унија и официјално му го додели повикувачкиот број 383 на Косово. „Ова и историско достигнување во областа на телекомуникациите и го зајакнува меѓународниот субјективитет на државата Косово“, стои во соопштението. Со стапување на сила на повикувачкиот број за Косово, со работа ќе престанат броевите како што се...

Српскиот народен правобранител го обвини премиерот Вучиќ за поттикнување омраза

Српскиот народен правобранител Саша Јанковиќ денеска го обвини премиерот Александар Вучиќ за „поттикнување омраза и нетрпеливост“ поради вчерашната изјава на премиерот во која тој за омбудсманот и за уште неколку луѓе рече дека се „априори против државата и својот народ“. Во отвореното писмо на Јанковиќ до Вучиќ, народниот правобранител наведува дека Србија „заслужува повеќе и подобро од ваквиот начин на...

Полицискиот и воениот синдикат повторно протестираа во Белград

Полицискиот и воениот синдикат денеска повторно организираа протест во центарот на Белград во обид да го свртат вниманието на тешката социјална положба на вработените во полицијата и во војската и, како што велат од синдикатите, колапсот на системот за безбедност. Протестот симболично беше организиран во една минута до 12 часот, пред зградата на владата на Србија, а помина без инциденти...

Чоколади ги скараа Белград и Загреб

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по повод извинувањето на претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, поради делењето чоколади произведени во Србија на децата во Дубровник, изјави дека е среќен и горд што такво нешто, односно такво извинување, не дошло ниту од него, ниту од претседателот на државата, Томислав Николиќ, ниту од кој било друг во Србија. Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ,...

По 12 години, нова комисија ќе ја истражува смртта на двајца војници на Топчидер

Владата на Србија денеска донесе одлука да формира комисија која ќе ги разгледува фактите и околностите поврзани со смртта на двајцата гардисти на војската на Србија, Драган Јаковљевиќ и Дражен Миловановиќ, во тајниот воен објект на Топчидер во Белград, на 5 октомври 2004 година. Одлуката е донесена по состанокот на премиерот Александар Вучиќ со семејствата на војниците. Случајот е повторно...

Хан: Следната недела договор за отворање нови поглавја од преговорите со Србија

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска во Белград соопшти дека очекува Европската Унија следната недела да постигне договор за отворање нови поглавја во преговорите за пристапувањето на Србија кон Унијата, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. - Голем оптимист сум дека може да се отворат нови поглавја и веројатно следната недела ќе имаме состанок на кој...

Вулин: Во Хрватска се буди фашизмот, а ЕУ молчи

Српскиот министер за труд, боречки и социјални прашања, Александар Вулин, денеска изјави дека во Хрватска веќе со години трае будењето на фашизмот и апелираше до Хрватска, но и до меѓународната заедница да ја осудат ваквата појава. „Ја предупредуваме и хрватската јавност и целиот свет дека фашизмот во Хрватска повторно се буди“, рече Вулин пред новинарите во Алибунар, коментирајќи го откривањето...

Владата на Србија им даде 48 часа на пратениците да го проучат предлог-буџетот од 1.300 страници

Српското собрание денеска попладне ја почна седницата на чиј дневен ред е предлог-буџетот за 2017 година, кој, според тврдењата на владата, предвидува најнизок дифицит „во современата историја на земјата“. Со предложениот буџет, предвидени се приходи од 1.092,9 милијарди динари (околу 8,8 милијарди евра) и расходи од 1.162 милијарди динари (околу 9,4 милијарди евра), со што дефицитот изнесува 69,1 милијарди динари...

Николиќ: Претседателските избори можно е да се одржат на 9 април, следната година

Српскиот претседател, Томислав Николиќ, денеска изјави дека разговарал со премиерот и лидер на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, околу неговата кандидатура за претседател на државата и ги потврди информациите во медиумите дека претседателските избори е можно да се одржат на 9 април, следната година. Прашан за евентуално одржување и на вонредни парламентарни избори на истиот датум, за што исто така...

Новинарски екипи оневозможени да следат настан во Рускиот дом во Белград

На новинарските екипи на телевизијата Н1, на „Инсајдер“, како и на националните српски телевизии „Прва“ и „Б92“ денеска не им било дозволено да присуствуваат на претставувањето на макетата со идниот изглед на внатрешноста на куполата на храмот „Свети Сава“, што се одржува во Рускиот дом во Белград, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. На конференцијата по повод претставувањето на декорацијата...

Србија очекува отворање на новите поглавја со ЕУ до крајот на годината

До крајот на годината, Србија би требало да отвори барем едно ново поглавје во пристапните преговори со Европската Унија, изјавија денеска српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, и шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Мајкл Девенпорт. Дачиќ на редовната конференција за новинари рече дека очекува да биде отворено барем петтото поглавје, кое се однесува на јавни набавки, а...

Сто јавни личности побараа од српскиот омбудсман да се кандидира за претседател на државата

Стотина јавни личности во Србија, меѓу кои угледни книжевници, новинари, глумци и професори, денеска упатија апел до народниот правобранител, Саша Јанковиќ, да се кандидира за претседател на Србија како непартиски кандидат и ги повикаа демократски ориентираните граѓани и партии да ја поддржат оваа иницијатива. Тие оценуваат дека Србија веќе неколку години се соочува со длабока и тешка криза, дека институциите...

Во Србија уапсени 10 луѓе кои продавале оружје

На подрачјето меѓу Апатин и Сомбор, откриена е и упасена група од 10 луѓе кои продавале оружје, изјави српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ. Тој додаде дека е запленето големо количество оружје. Стефановиќ рече дека се уапсени и организаторите на таа група. Кај нив се запленети девет килограми пластичен експлозив, 20 килограми ТНТ и детонатори, 11 рачни бомби, 12 противтенковски...

Регионалната полициска соработка е клучна во борбата против организираниот криминал

Министрите за внатрешни работи на Србија, Црна Гора и на Македонија, денеска во Белград оценија дека регионалната полициска соработка е клучна во борбата против сите видови организиран криминал. Министрите Небојша Стафановиќ, Горан Даниловиќ и Оливер Спасовски на конференцијата насловена „Регионална процена на закани од тежок и организиран криминал (СОКТА)“, изразија подготвеност за унапредување на сите видови полициска соработка. Тие оценија...

Српската полиција спречи мигранти илегално да преминат во Хрватска

Стотина мигранти од Авганистан и од Пакистан, кои во петокот тргнаа пеш од Белград кон Хрватска, денеска попладне во близина на Шид се обидоа да ја пробијат полициската блокада и илегално да ја преминат границата, но српската полиција ги спречи во тоа. - Мигрантите биле во меѓузоната на двете држави, но полицијата ги вратила назад и сега се на простор од...

Постигнат договор меѓу Белград и Приштина, Косово го добива повикувачкиот број +383

Белград и Приштина постигнаа договор за телекомуникациите со кој Косово ќе добие меѓународен повикувачки број, а Србија ќе го зачува имотот на „Телеком Србија“ на Косово, јави дописникот на „Мета“ од Белград. Според договорот, Србија е должна до 3 декември до Меѓународната унија за телекомуникции (ИТУ) да достави писмо со кое дава согласност на Косово да му се додели меѓународен...

Шешељ: Вучиќ ми е единствена конкуренција за претседател

Лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, потврди дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2017 година и додаде дека единствена конкуренција на тие избори би му бил актуелниот премиер Александар Вучиќ. - За мене клучно прашање е дали Вучиќ ќе се кандидира или не. Објективно, ако се кандидира, тоа би било поприлично тесно за мене, но не безнадежно....

Вучиќ и Николиќ: Големата победа на Трамп е надеж за подобри односи САД – Србија

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, му ја честиташе победата на Доналд Трамп на претседателските избори и притоа изрази надеж дека неговата „голема победа“ ќе придонесе за унапредувањето на односите меѓу Србија и САД. Српските аналитичари, пак, не очекуваат битни промени во односите на Вашингтон кон Србија и кон регионот. „Верувам дека на должноста 45. претседател на САД ќе пристапите со посветеност...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...