fbpx

Претседателските избори во Србија ќе се одржат на 2 април

-

Претседателката на парламентот на Србија, Маја Гојковиќ, денеска ги распиша претседателските избори во земјата и тие ќе се одржат на 2 април.

Таа им посака на граѓаните „да го изберат најдобриот кандидат, што сериозно и одговорно ќе соработува со владата и на Србија“ и кој ќе се „бори за територијалниот интегритет на државата“. На претседателските кандидати, пак, им порача на граѓаните да им се обраќаат со програми, а не со омраза.

Доколку никој од кандидатите не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, новиот претседател на Србија ќе се избира во втор круг, кој ќе се одржи на Велигден, 16 април.

Одлуката изборите да се одржат на 2 април предизвика остри критики од дел од опозицијата, бидејќи претседателските кандидати имаат само 10 дена да соберат и да заверат по 10.000 потписи за кандидатурата, па се стравува дека нотарите нема да имаат доволно време за таа процедура, што ќе отвори простор за притисоци и за манипулации.

Опозициските партии и идните претседателски кандидати од тој табор ја критикуваа и вчерашната одлука на претседателката на парламентот да прогласи пауза во заседавањето на законодавниот дом додека не завршат изборите, порачувајќи дека таквата одлука е незаконска и неуставна.

Засега се најавени значителен број претседателски кандидатури. Кандидат на владејачката коалиција ќе биде сегашниот премиер и лидер на Српската напредна партија, Александар Вучиќ.

Како кандидати на проевропската опозиција се најавени доскорешниот народен правобранител, Саша Јанковиќ, и поранешниот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ. Кандидатури најавија и лидерот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ, како и водачот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ.
Мандатот на сегашниот претседател Томислав Николиќ истекува на 31 мај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...