fbpx

Дачиќ го повика Вучиќ да се кандидира за претседател на Србија

-

Потпретседателот на српската влада и лидер на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека на претседателските избори победа во првиот круг, како кандидат на владејачката коалиција, може да обезбеди само актуелниот премиер и лидер на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ, кого го повика да донесе „рационална одлука“.

„Го повикувам Вучиќ да донесе рационална одлука која ќе донесе победа, а формулата за победа е Вучиќ плус Дачиќ еднакво на победа во првиот круг“, изјави тој.

Дачиќ рече дека нема да поддржи заеднички кандидат кој не може да победи во првиот круг.

„Не сакам мојата судбина да зависи од тоа дали некој има амбиција која не е реална во овој момент. Така се играа (Слободан) Милошевиќ, (Борис) Тадиќ, и се надевам и сигурен сум дека тоа нема да го направи и Вучиќ. Ако Вучиќ биде кадидат ние го поддржуваме, а ако биде некој друг, тогаш јас сум кандидат за претседател во име на нашата коалиција и нема дилеми околу тоа, а потоа ќе видиме кого ќе поддржиме во вториот круг“, изјави Дачиќ.

Во очекување Вучиќ да ја соопшти одлуката за тоа дали ќе биде кандидат на неговата партија за претседател на Србија, што претходно ја најави за 15 февруари, неговата кандидатура ја поддржаа и повеќе министри и влијателни членови на владејачката СНС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...