fbpx

Претседателот на Албанија утре на југот на Србија

-

Претседателот на Албанија, Бујар Нишани, утре ќе ги посети општините Прешево и Бујановац на југот на Србија, како прв претседател на Албанија кој доаѓа во Србија од 1948 година, кога прв и последен пат Белград го посети тогашниот претседател на Албанија, Енвер Хоџа.

Нишани во Прешево и во Бујановац ќе разговара со локалните власти и со албанските политички претставници кои на неговата посета ѝ придаваат историско значење. За дочекот на албанскиот претседател во Бујановац на повеќе места се поставени билборди на кои пишува „Добредојдовте, престедателе“, а локалните жители беа повикани да излезат на главниот плоштад и да го дочекаат, додека во Прешево ќе биде организиран културно-уметничка програма.

Посетата на Бујар Нишани се толкува како знак на политичко затоплувања на односите на Србија и на Албанија, по неколкуте посети на албанскиот премиер Еди Рама во Србија што резултираа со формирање српско-албанско бизнис-здружување и воспоставување на блиска соработка на земјоделските стопанства на двете земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...