Воената гимназија во Белград попопуларна кај девојчињата отколку кај момчињата

За упис во воената гимназија за наредната учебна година се пријавиле деветпати повеќе кандидати отколку што има слободни места, а оваа година првпат има повеќе пријавени девојчиња отколку момчиња.

Портпаролот на министерството за одбрана и за војска на Србија, Јован Кривокапиќ, рече дека во последните десет години заинтересираноста на младите за воената гимназија, но и за средното воено училиште и за воената академија е големо и дека меѓу кандидатите има сè повеќе девојчиња.

Според неговите зборови, еден од главните мотиви за упис на воените училишта е загарантираното вработување, но и квалитетното образование и можноста за понатамошно усовршување.

Според некои анкети, голем процент од граѓаните на Србија ја поддржуваат идејата за повторно воведување на задолжителен воен рок, кој е укинат во 2011 година.