fbpx
Таг: соопштение

таг: соопштение

Уставниот суд им ја врати полната плата на функционерите, судиите и обвинителите, Владата негодува

Уставниот суд на денешната седница одлучи привремено да го запре извршувањето на три уредби на владата во период на вонредната состојба. Станува збор за уредбата со која сите избрани, именувани и назначени лица во јавниот сектор ќе добиваат минималец од 14.500 денари како месечна плата за април и мај. Ова значи дека извршувањето на уредбата е запрено, поради тоа...

Цената на нафтените деривати од утре ќе се намали за 2 до 4 денари за литар

Рекордно ниски цени на дизелот и на мазутот во Македонија. Регулаторната комисија за енергетика ги објави малопродажните цени по кои нафтените деривати ќе можат од ноќеска на полноќ да се набавуваат на бензинските станици. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 4 денари за литар, така што од утре истиот ќе се продава за 42,50 денари за литар....

159 лица го прекршиле полицискиот час изминатиов викенд, приведени 131 лице

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатиов викенд регистрирало вкупно 159 лица што не ја почитувале забраната за движење на населението. Од нив, приведени во полициска станица биле 131 лице, додека за останатите граѓани се земени податоци и за нив ќе следуваат соодветни мерки. Основното јавно обвинителство за прекршителите на полицискиот час ќе покрене кривични пријави по...

Пристигнаа 12 респиратори и 5.000 маски донација од ЕУ

Како дел од проектираната помош на Европската Унија од четири милиони евра за итни медицински потреби, денес во Скопје пристигнаа 12 машини за асистирано дишење - респиратори, како и пет илјади заштитни маски „N95“, информираат од Секретаријатот за европски прашања. Набавката е реализирана преку агенцијата на обединетите нации УНОПС, во соработка со Секретаријатот за европски прашања. - Овие 12 машини...

По 30 април, 20 евра казна за неносење маска на јавни места од затворен тип (инфографик)

Сите граѓани и компании што нема да ја почитуваат владината уредба за задолжително носење лична заштита на јавни места од 30 април ризикуваат да добијат парични казни. Оние кои нема да ги почитуваат мерките за покривање на носот и устата ќе бидат казнети со парична казна во износ од 20 евра. Оние компании кои нема да обезбедат заштитна опрема за...

Викендов он-лајн турнири по гејмање како поддршка во борбата против Ковид-19

И Македонија се вклучува во глобалниот тренд на организирање на он-лајн турнири по гејмање како поддршка во борбата против Ковид-19 и зголемување на социјализацијата на граѓаните во услови кога тие се приморани да седат дома. Македонската еспорт асоцијација викендов ќе организира он-лајн турнири во познатите видео игри „League of Legends“ и „Counter Strike: Global Offensive“. Тие посочуваат дека видео игрите...

Бензините од утре поскапи за три и пол денари, дизелот за денар и пол (инфографик)

По владината одлука за зголемување на акцизата на нафтените деривати за три денари, Регулаторната комисија за енергетика ја определи цената по која граѓаните од утре ќе можат да набавуваат нафтени деривати од бензинските станици во земјава. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за три и пол денари за литар, додека дизелот ќе поскапи за еден...

НБРМ: Солиден раст на кредитите и на депозитите во првиот квартал од годинава

Растот на депозитите и на кредитите на крајот на првиот квартал од годинава останува солиден, годишната стапка на раст на вкупните депозити изнесува 8,3 отсто, а раст бележат депозитите и на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства“, информираат од Народна банка. „По падот во февруари, депозитите на месечно ниво се зголемија за 2,4 отсто, додека годишниот раст изнесува 12,5 отсто....

Просечната нето-плата во земјава во февруари се искачила на 442 евра

Просечната исплатена нето-плата во земјава февруари 2020 година изнесувала 27.206 денари или 442 евра, објави Државниот завод за статистика. Индексот на просечната исплатена нето-плата по вработен во февруари 2020 година, во однос на идентичниот период лани, изнесувал 112,5, што значи дека платите во земјава пораснале за 12,5 отсто во однос на оние што биле исплатени во февруари 2019 година. Ваквото зголемување...

Најдолгиот полициски час не го почитувале 399 лица, дури 294 биле приведени

Министерството за внатрешни работи (МВР) за време на изминатиов продолжен викенд за велигденските празници регистрирало 399 лица што не ја почитувале забраната за движење на населението, при што 294 од нив биле приведени во полициска станица. Полицискиот час најчесто бил прекршуван за време на Велигден на 19 април, со 121 лице регистрирани како прекршители и 92 лица приведени во...

ЗНМ: Слободата на изразување да биде загарантирана и во вонредна состојба

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) смета дека владините институции и здравствените центри мора да најдат начин за подобра комуникација и транспарентност во насока на гарантирање на слободата на изразување и правото на информирање во време на вонредна состојба. „Укажуваме дека ние како организација, a и голем дел од нашите членови, сме незадоволни од недостигот на двонасочната комуникација за вклучување...

Западен Балкан изземен од ЕУ рестрикциите за извоз на медицинска заштитна опрема

По барање на земјите од Западен Балкан, Европската комисија започна консултации со земјите членки за географско прилагодување на предлог регулативата за извозни рестрикции за медицинска опрема, со која земјите од Западен Балкан ќе бидат изземени од обврската за барање на извозни дозволи за набавка на ваков вид на опрема при увоз од земјите на ЕУ, информираат од Министерството за...

Укината кризната состојба во Дебар и Центар Жупа, веќе 10 дена нема новозаразени

Изминатиов викенд заврши кризната состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, а владата на денешната седница одлучи истата да не се продолжи и да се укинат сите дополнителни мерки за овие две општини што беа на сила од 13 март, информираат од владината прес-служба. Од денеска во Дебар и Центар Жупа на сила се само мерките кои важат...

Куманово бара проценка на функционалноста на болницата и давање приоритет на тестовите од општината

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово бара од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести да направат итна проценка и согледување на функционалноста на кумановската болница и одделите каде што има персонал кој е заразен со вирусот Ковид-19. Воедно, од кумановскиот кризен штаб бараат од министерството, Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје да се...

По шест недели пад, минимално зголемување на цената на бензините во земјава

Регулаторната комисија донесе одлука од ноќеска на полноќ да се изврши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 2,49 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени на 6 април. Ова зголемување на цените на нафтените деривати доаѓа по нивниот шестнеделен континуиран пад како последица на „нафтената војна“ меѓу Русија и Саудиска Арабија, која...

За време на викендот 389 лица не го почитувале полицискиот час, 297 се приведени

Министерството за внатрешни работи (МВР) констатирало зголемување на бројот на лица што не го почитуваат полицискиот час во периодот на целодневна забрана за движење на населението. Од петок попладне до утрово во 5 часот, МВР регистрирале вкупно 389 лица што не го почитувале полицискиот час, при што приведени во полициска станица биле 297 лица. Најмногу прекршувања на полицискиот час се...

Нови 48 заболени од Ковид-19, досега се заразени вкупно 711 лица

Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа се направени рекордни 496 тестирања на Ковид-19, при што се регистрирани 48 нови случаи позитивни на корона вирус. Најмногу случаи се регистрирани во Куманово - вкупно 25, а по овој град следуваат Скопје со 11, Прилеп со 4, Струга со 3, Гостивар со 2, како и Штип, Тетово и Охрид...

Коалиција „Маргини“: Стоп за дискриминацијата и вознемирувањето на лицата позитивни на Ковид-19

Мрежата за заштита од дискриминација апелира и бара од Владата и надлежните институции да преземат мерки за спречување на вознемирувањето и прекршувањето на човековите права на луѓето позитивни на Ковид-19 и на луѓето кај кои постои сомневање дека се позитивни на вирусот. „Во изминатиот период се појавија голем број на написи на медиумите, воглавно на интернет-порталите, каде се објавија слики, имиња...

Потврдени 46 нови лица на Ковид-19, вкупната бројка се искачи на 663

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на корона вирусот. Најмногу случаи, вкупно 13, се регистрирани во Куманово, а по него следува Скопје со 12, Прилеп и Велес со по 8, Струга со 2, додека во Тетово, Кочани и Пробиштип се регистрирани по 1 нов случај. Со најновите податоци, вкупниот број на...

Западен Балкан бара изземање од извозните рестрикции на ЕУ за одредени медицински продукти

На иницијатива на министерот за надворешни работи Никола Димитров, министрите за надворешни работи на земјите од Западниот Балкан денес испратија писмо до Комесарот за трговија Фил Хоган, Комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и до Високиот претставник на ЕУ и потпретседател на ЕК Жозел Борел со барање за изземање на земјите од Западен Балкан од Регулативата на ЕУ...

Уставниот суд пресече, ќе се прегласува на седум избирачки места

Управниот суд ги отфрли како неосновани сите седум тужби на Европскиот фронт кои беа поднесени против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) во однос на парламентарните избори што се...