fbpx

Најдолгиот полициски час не го почитувале 399 лица, дури 294 биле приведени

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) за време на изминатиов продолжен викенд за велигденските празници регистрирало 399 лица што не ја почитувале забраната за движење на населението, при што 294 од нив биле приведени во полициска станица. Полицискиот час најчесто бил прекршуван за време на Велигден на 19 април, со 121 лице регистрирани како прекршители и 92 лица приведени во полициска станица, се вели во соопштенијата на МВР.

Полициската статистика покажува дека најмирен ден бил петок, кога 77 лица биле евидентирани од полициски службеници дека не ја почитуваат забраната за движење, а само 46 лица биле приведени. Од МВР појаснуваат дека за сите прекршители на полицискиот час се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Во врска со вчерашниот случај на лишување од слобода на лице кое шетало куче во скопска Кисела Вода, од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за утврдување на законитоста на постапување на полициските службеници во овој случај од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Инаку, непочитувањето на полицискиот час се казнува по член 206 став 1 од Кривичниот законик со поднесување на кривична пријава од страна на Основното јавно обвинителство за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...