fbpx

Куманово бара проценка на функционалноста на болницата и давање приоритет на тестовите од општината

-

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово бара од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести да направат итна проценка и согледување на функционалноста на кумановската болница и одделите каде што има персонал кој е заразен со вирусот Ковид-19.

Воедно, од кумановскиот кризен штаб бараат од министерството, Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје да се даде приоритет на тестовите за сите земени брисеви на територијата на општина Куманово за здравствените работници. Тие бараат благовремено информирање на Центарот за јавно здравје-Куманово за позитивните и негативните резултати од тестовите на корона вирусот.

Општинските власти од Куманово се жалат дека не добиваат резултати навремено за поголемиот број на брисови што се испратени за анализа, со што од кризниот штаб сметаат дека се креира нереална епидемиолошка слика во општина Куманово.

Според последните податоци на Министерството за здравство, во Куманово во изминативе 24 часа се дијагностицирани 11 нови случаи на лица заразени со Ковид-19. Вкупната бројка на регистрирани пациенти заболени со корона вирусот на територијата на оваа општина се искачи на 211.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...