Сингапур им забрани на наставниците да користат Zoom

Сингапур им забрани на просветните работници да ја употребуваат алатката за видеоконференции, Зум, по инцидентите во првата недела од воведувањето карантин, кога училиштата почнаа со настава од дома, пренесе „Гардијан“.

Еден инцидент вклучувал експлицитни фотографии кои се појавувале на видеата, додека во друга ситуација непознати машки лица пишувале сексуални вулгарности за време на часовите.

„Ова се многу сериозни инциденти. Министерството за образование ги истражува двата случаи и ќе поднесеме соодветни поднесоци до полицијата“, изјави министерот за образование и технологија, Арон Лох.

Исто така, министерството во иднина ќе ги советува наставниците да користат безбедносни протоколи, како задолжително логирање и да не се споделуваат линкови од видео-часовите надвор од учениците во класот.

Овaа недела Гугл им забрани на своите вработени да ја користат апиликацијата Зум, а ограничена употреба има и во Германија и Тајван.