fbpx

159 лица го прекршиле полицискиот час изминатиов викенд, приведени 131 лице

-

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатиов викенд регистрирало вкупно 159 лица што не ја почитувале забраната за движење на населението. Од нив, приведени во полициска станица биле 131 лице, додека за останатите граѓани се земени податоци и за нив ќе следуваат соодветни мерки.

Основното јавно обвинителство за прекршителите на полицискиот час ќе покрене кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик, по делото „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Статистичките податоци на МВР покажуваат дека викендов не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, иако полициските службеници извршиле контроли кај лицата кои се наоѓаат во изолација и самоизолација.

Во изминатиов викенд на 218 лица им биле издадени решенија за изолација, додека 124 лица потпишале изјави за самоизолација, информира МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...