fbpx

Нови 48 заболени од Ковид-19, досега се заразени вкупно 711 лица

-

Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа се направени рекордни 496 тестирања на Ковид-19, при што се регистрирани 48 нови случаи позитивни на корона вирус. Најмногу случаи се регистрирани во Куманово – вкупно 25, а по овој град следуваат Скопје со 11, Прилеп со 4, Струга со 3, Гостивар со 2, како и Штип, Тетово и Охрид со по 1 нов случај.

Со најновите регистрирани случаи, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 711 лица. Според местото на живеење, случаи на заболени лица со корона вирус се регистрирани во: Скопје (284), Куманово (168), Прилеп (50), Дебар (49), Струга (33), Тетово (31), Штип (21), Кочани (19), Велес (18), Битола (8), Гостивар (6), Гевгелија, Радовиш и Охрид (4), Крушево, Крива Паланка и Кавадарци (3), Струмица (2) и Пробиштип (1).

Од Министерството за здравство информираат дека досега во земјата се направени вкупно 7.067 тестирања на Ковид-19.

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во денешната статистика ќе бидат евидентирани 2 претходно починати лица. Едно лице од Лабуништа – Струга на 63-годишна возраст, за кое Министерството за здравство информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем. Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, за кој Министерството информираше во текот на вчерачниот ден.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје, кој се лекувал во домашни услови.

Резултатите од тестот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев се очекуваат околу 16 часот. Веднаш потоа, министерот Венко Филипче ќе одржи прес-конференција за да ги соопшти деталите, како и да информира за состојбата и актуелните прашања со корона вирусот во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...