fbpx

Потврдени 46 нови лица на Ковид-19, вкупната бројка се искачи на 663

-

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на корона вирусот. Најмногу случаи, вкупно 13, се регистрирани во Куманово, а по него следува Скопје со 12, Прилеп и Велес со по 8, Струга со 2, додека во Тетово, Кочани и Пробиштип се регистрирани по 1 нов случај.

Со најновите податоци, вкупниот број на дијагностицирани случаи во нашата земја се искачи на 663. Според местото на живеење, најмногу случаи се регистрирани во Скопје (273), по што следуваат Куманово (143), Дебар (49), Прилеп (46), Тетово (30), Струга (30), Штип (20), Кочани (19), Велес (18), Битола (8), Гевгелија (4), Гостивар (4), Радовиш (4), Крушево (3), Крива Паланка (3), Охрид (3), Кавадарци (3), Струмица (2) и Пробиштип (1).

Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) –194, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –19 , Биотек –24  и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19.

Од Министерството за здравство информираат дека починатата родилка од Куманово, за која што медиумите објавија вчера попладне, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...