fbpx
Таг: Скопје

таг: Скопје

Наместо трамвај, Скопје допрва ќе работи на проект за „автобуско метро“

По многуте недоумици во јавноста, владата пресече дека ќе го поддржи воведувањето на брз автобуски систем (БРТ) во Скопје. На вчерашната владина седница се разгледала и усвоила информацијата за воведување на т.н. „автобуско метро“ со превозни средства што ќе се движат на електричен или хибриден погон. Инаку, терминот „автобуско метро“, кој го има и во владиното соопштение, е несмасен...

Пречистителната станица за отпадни води за Скопје ќе почне да се гради в година

Владата на вчерашната седница го усвои и го проследи до Собранието законот со кој се обезбедуваат финансиски средства за изградба на Пречистителната станица за отпадни води во Скопје. За реализацијата на овој инфраструктурен зафат ќе се обезбедат 68 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ), 58 милиони евра од Европската банка за обнова и развој и неповратни средства од...

Цел месец доцни воведувањето на билетот за едно возење во скопскиот јавен превоз

ЈСП - Скопје засега нема информација кога ќе започне употребата на новите хартиени билети за едно возење во јавниот превоз. Веќе еден месец доцни воведувањето на ветениот билет, заедно со ставањето во функција на новата мобилна апликација за јавниот превоз и можноста за надополнување на средства на картичката „Скопска“ од страна на самите граѓани. Од ЈСП - Скопје за „Мета.мк“...

На Скопје му фалат 8.000 паркинг места, а „Градски паркинг“ нема пари за нови гаражи

На Скопје во моментов му недостигаат околу 8.000 паркинг места за да го реши проблемот со паркирањето на возилата, но ЈП „Градски паркинг“ нема доволно финансии за да инвестира во изградба на монтажни или катни гаражи со кои би се надминал ваквиот недостиг. - ЈП „Градски паркинг“ - Скопје со моменталниот ценовник на услуги не обезбедува доволно финансиски средства за...

Скопскиот јавен превоз за девет месеци изгубил 530.000 патници (инфографик)

Фото: Борче Поповски
Скопскиот јавен превоз станува сѐ понеатрактивен за користење од граѓаните. Во првите девет месеци од годинава се превезени за 530.000 помалку патници во споредба со идентичниот период лани. Како што веќе објави „Мета.мк“, градските автобуси од година во година превезуваат помал број на патници, при што бројот на граѓани што патувале со градско - приградскиот превоз во Скопје во...

Од половична информација до медиумска возбуда за јапонските цреши 

Една  половична информација за отстранувањето на јапонските цреши на улицата „Максим Горки“ во центарот на Скопје ги возбуди социјалните мрежи каде корисниците побрзаа да напишат дека дрвјата се сечат без никаква причина и без најава. Атмосферата дополнително се вжешти откако ваквиот наратив експресно го прифатија и повеќе портали (Дојде крајот на Јапонските цреши на Максим Горки; Општина Центар ги исече јапонските цреши во...

Урбана уметност како честитка за Денот на ослободувањето на Скопје

Група уметници по повод празникот на Град Скопје - 13 Ноември, денот на ослободување од фашистичкиот окупатор, на главниот град му подарија прекрасна честитка: уредување и сликање на елементите околу Универзалната сала. „Драго наше Скопје , ти си град кој преживеа невидени катастрофи, ти си град кој секојдневно крвари преку запалените контејнери и матниот загаден Вардар, но ти си и...

„Неос космос“ („Нов свет“), ама со стари навреди и шовинизам

Австралискиот весник „Неос космос“ кој е наменет за Грците во Австралија, известувајќи за протестно писмо на македонските асоцијации од Австралија против фестивал организиран од Грците, со квалификациите и во насловот и делумно во текстот посеа многу шовинизам и навреди. Од терминот „групи скопјани“ (Skopjian groups) преку тоа дека „влегуваат во судир“ до терминот „Грчките Македонци“ насловот изобилува со невистини што...

Град Скопје поднесе барање за лиценца за централното греење

Градското раководство на Скопје соопшти дека вчера до Регулаторната комисија за енергетика поднело барање за лиценца за дистрибуција на топлинска енергија за јавното претпријатие АД Градски енергетски системи (ГЕС) - Скопје, кое треба да го преземе централното греење во градот. „Во прилог на Барањето за издавање на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија е поднесена документација со која се потврдува...

Електронска наплата од денеска и на патарината „Миладиновци“

Јавното претпријатие за државни патишта од денеска ја пушти во употреба електронската наплата на патарина на наплатната рампа „Миладиновци“. За почеток, во функција ќе бидат само електронските картички „М-карт“, а допрва ќе профункционира плаќањето со м-таг на оваа патарина. Со имплементацијата на системот на патарината „Миладиновци“, возачите што патуваат по автопатите Скопје - Куманово и Скопје - Штип ќе можат...

Со новиот ГУП за Скопје до 2032 година ќе се развива северниот дел на градот

Акцент при изработката на новиот Генерален урбанистички план (ГУП) на град Скопје за периодот 2022 - 2032 година ќе биде ставен на развојот на северните делови на градот. Ваквата најава ја даде скопскиот градоначалник Петре Шилегов во пресрет на отпочнувањето на процесот на подготовка на новиот ГУП. На денешната средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, Шилегов посочи...

„Вечерњи“ (дез)информира, а читателите го поправаат за животот во Македонија

На сајтот на хрватскиот медиум „Вечерњи лист“ пред два дена се појави репортажа за Македонија, во која може да се најдат и сомнителни и непоткрепени информации кои водат кон дезинформирање на читателската публика.  Иако целата репортажа е правена да изгледа избалансирано, убедливо и живо, преку пренесување епизодни случки и епизодни разговори со случајно одбрани лица (на пример таксист, па некој соговорник во Битола кој тврди дека има...

За пречистителна станица за отпадни води во Скопје ќе добиеме грант од 10 милиони евра

Европската инвестициска банка (ЕИБ) донела одлука да ѝ додели на Македонија неповратни средства во висина од 10 милиони евра за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Ова беше објавено за време на вчерашниот Самит за Западен Балкан што го организираше „Економист“ во Скопје. Идниот капитален објект треба да ги опфати отпадните води на над 500.000 жители од...

„Адриа ервејз“ банкротираше, Скопје останува без директни летови за Љубљана

„Адриа Ервејз“ вчера банкротираше и го остави Меѓународниот аеродром Скопје без двата дневни лета за и од Љубљана. Раководството на авиокомпанијата објави дека пред судот во Крањ е отворена стечајна постапка, а судот ќе донесе пресуда за побарувањата во рок од три дена. Во исто време, словенечката влада ги отпочна преговорите со „Луфтханза“ за преземање на дел од летовите на...

Ципрас доаѓа во Скопје на први октомври на Самит за Западен Балкан

Поранешниот грчки премиер и лидер на опозициската партија СИРИЗА Алексис Ципрас и поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц на 1. октомври ќе учествуваат на Самитот за Западен Балкан во Скопје. На настанот, организиран од „Економист“, ќе дебатираат, меѓу другите, и поранешниот помошник државен секретар на САД Вес Мичел, потпретседателот на Европскиот парламент Димитрис Пападимулис и македонскиот премиер Зоран...

Јавниот превоз во Скопје во првото полугодие изгубил речиси 300.000 патници

И во 2019 година продолжил трендот на опаѓање на бројот на патници што го користат јавниот превоз во Скопје. Според последниот Финансиски извештај на ЈСП - Скопје, со градските автобуси во периодот јануари - јуни 2019 година патувале 22.271.180 патници, односно за 1,3 отсто помалку во однос на идентичниот период лани. Во скопскиот јавен превоз годинава биле превезени над...

Туск во Скопје на средби со Заев и Пендаровски

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска е во посета на земјава, а ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев. По средбата со Заев, напладне предвидена е заедничка прес-конференција. Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври. Мандатот на актуелниот претседател на Европскиот...

Град Скопје наредната недела ќе го договара финансирањето на трамвајот со Владата

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска најави дека со Економскиот совет на Владата наредната недела ќе ја договараат изградбата на првата трамвајска линија во Скопје, како дел од новиот концепт за јавниот превоз во главниот град. Градските власти во текот на денешниот ден ќе ја достават информацијата за проектот трамвај во Скопје до Владата. - Во вторникот имав работен состанок со...

Бугарија сака да гради автопат од Софија до бугарско – македонската граница

Бугарија би сакала Софија и Скопје во иднина да се поврзани со автопат и со брза железница. Забрзаната изградба на паневропскиот Коридор 8 е од особено значење за Бугарија, изјави денеска бугарската министерка за регионален развој и урбанизам Петја Аврамова. Таа денеска беше во посета на Скопје, каде со министерот за локална самоуправа Горан Милевски го потпишаа Меморандумот за...

Реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков кај Бит – пазар ќе трае еден месец

Градот Скопје денеска ја започна реконструкцијата на коловозот на булеварот Крсте Петков Мисирков, на потегот од раскрсницата кај Судска палата до клучката Бит - пазар во Општина Чаир. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов изврши увид во градежните работи на оваа делница. Тој појасни дека сообраќајницата ќе се реконструира во должина од 1.350 метри во двете насоки. Рокот за завршување на работите...

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...