fbpx

Урбана уметност како честитка за Денот на ослободувањето на Скопје

-

Група уметници по повод празникот на Град Скопје – 13 Ноември, денот на ослободување од фашистичкиот окупатор, на главниот град му подарија прекрасна честитка: уредување и сликање на елементите околу Универзалната сала.

„Драго наше Скопје , ти си град кој преживеа невидени катастрофи, ти си град кој секојдневно крвари преку запалените контејнери и матниот загаден Вардар, но ти си и град на илјадници љубови, град на маџирмаалските голуби и чаирските фраери. Ти си единствениот град во кој сме дома.
Ти си феникс, ти си нашиот град, ти си градот на солидарноста. Издржи Скопје за нас, за тебе, за следните генерации Скопјани!
Те сакаме и секогаш ќе бидеме тука за тебе и во добро и во зло! Среќен роденден, среќни 75 години слобода! “, порачуваат уметниците организирани од тимот на Урбаните Уметнички акции и Центарот за современи уметности.

Авторскиот потпис е на еминентните ликовните уметници од средната генерација Александар Наумовски, Андреј Митевски и Љубиша Камењаров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...