fbpx

Одбележан 13. Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје (галерија)

-

По повод одбележувањето на 76-годишнината од ослободувањето на Скопје, денеска владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а во придружба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел.

Во чест на борците кои на 13 ноември 1944 година ја донесоа слободата, членовите на владината делегација оддадоа почит и положија цвеќе и на Алејата на заслужните и пред Споменикот на ослободителите во дворот на Владата.

Пред Споменикот на ослободителите, на платото пред Владата на Република Северна Македонија, во чест на 13. Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје цвеќиња денеска положи и делегација на Град Скопје, составена од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, претседателот на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во својот говор изјави дека на овој голем ден се слави храброста и пожртвуваноста на ослободителите на Скопје.

„Слободата која што ја извојувавте вие, ценети наши ослободители, жртвувајќи ги својата младост, своите животи, за да можеме сите ние денес слободно да живееме. Вие најдобро од сите нас знаете дека борбата за слобода не е лесна и колку многу е потребно да се освои најголемиот човечки идеал – слободата. Орце Николов, Вера Јоциќ, Цветан Димов, Раде Јовчевски Корчагин, Александар Урдаревски, Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Дане Крапчев, Боро Петрушевски, се само дел од многуте борци кои ги положиле своите животи за нашата подобра иднина и за слободата на нашето Скопје – кажа Шилегов.

Тој додаде дека во текот на војната животите ги загубиле 4.654 граѓани на Скопје, од кои 956 во борбите, а 3.698 како жртви на фашистичкиот терор и потсети дека Скопје го загуби и речиси целото свое еврејско население како последица на холокаустот.

Градоначалникот Шилегов соопшти дека тој лично ја презема обврската да му предложи на Советот на Град Скопје новиот мост на Вардар во Аеродром, да го носи името на народниот херој, славниот генерал Михајло Апостолски. Тоа е мостот кој ќе го поврзе бул. АСНОМ со населбата Ќерамидница и ул. 16.Македонска бригада во која се борел почитуваниот Трајко Стаматоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...