fbpx

Заев од Тетово се пофали со патиштата, градинки и училишта

-

Нови училишта, градинки, патишта, се дел од работите со кои се пофали вчера премиерот Зоран Заев, говорејќи на проширената владина седница во салата на Советот на општина Тетово. На седницата присуствуваа градоначалниците на општините Тетово, Гостивар, Јегуновце, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, Теарце и Желино.

Премиерот Заев како завршени проекти ги наведе изградбата на филтер станицата на водоснабдителниот систем во Тетово и рехабилитацијата на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка во должина од 18,2 километри, за кој се потрошени 1,7 милиони евра за да се подобри пристапноста до скијачкиот центар Попова Шапка за сите посетители.

– Го рехабилитираме регионален пат Гостивар – Колари – Кичево и извршивме реконструкција на 5 мостови на оваа делница, и на патот до Охрид ја подобруваме безбедноста на сообраќајот за сите возачи. Со изградбата на водоснабдителниот систем на Општина Желино, создадовме услови за поврзување на 18 населени места во општината. Спроведовме градежни работи и опремивме повеќе детски градинки во Општина Боговиње, во Општина Брвеница, во селата Неготино и Добридол во Општина Врапчиште, во село Прељубиште во Општина Јегуновце, како и во Тетово и Теарце.
За Гостивар во тек е изработката на проектот, а во селата на Општина Гостивар Равен и Форино се отворени центри за ран детски развој, исто како и во тетовските села Бродец и Гајре – порача Заев.

Тој го напомена и проектот за набавка на автобуси за Општина Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...