сабота, 6 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Боговиње | 12 резултати

Тинејџерка во Тетовско паднала од автобус и добила скршеница на черепот

септември 12, 2017

Скршеница на черепот добила 17-годишна девојка од селото Боговиње вчера попладне, откако паднала од автобус во движење, соопшти СВР Тетово. Девојката била донесена вчера, во 15.20 часот, во Клиничката болница – Тетово, при што лекарите утврдиле фрактура на черепот. Потоа поради тежината на повредите е пренесена во Ургентен центар во Скопје. Случајот во полиција го […]

Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на Идризи и до ДУИ

мај 6, 2017

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во свое и во име на СДСМ, испрати телеграма со сочувство до семејството на застреланиот градоначалник на Општина Боговиње, Хазби Идризи, како и до неговите колеги во Општината и во партијата ДУИ. „Изразувам искрено и длабоко сочувство за смртта на Хазби Идризи, до семејството, пријателите, колегите на градоначалникот на Општина […]

ДУИ жали за убиството на Идризи и бара да се расветлат мотивите за случајот

мај 6, 2017

Демократската унија за интеграција (ДУИ) побара надлежните институции да ги расветлат мотивите за убиството на градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи, кое, како што велат во соопштението, во никој случај не било испровоцирано. – ДУИ е длабоко потресена од веста за убиството на членот на нашето семејство и градоначалник на Oпштина Боговиње, Хазби Идризи, за […]

Градоначалникот на Боговиње, Хазби Идризи, им подлегна на повредите од огнено оружје

мај 6, 2017

Градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи, им подлегнал на повредите откако утрово бил застрелан со огнено оружје, потврдуваат од Клиничкиот центар во Тетово за „Мета“. Неофицијално, убиството го извршил вработен во Општината, кој, наводно, добил отказ од работа. По убиството, А.Ќ. се обидел да се самоубие, пукајќи си во слепоочница. Тој со возило на итната […]

Тачи: Во идната влада ќе бараме да има само еден вицепремиер, но со право на вето

ноември 29, 2016

Лидерот на ДПА и носител на листа во изборната единица 6, Мендух Тачи, вечерва на митингот на партијата во Боговиње, Тетовско, порача дека ќе бараат во идната влада да има само еден вицепремиер, кој ќе има право на вето на одлуките на владата. Тој истакна дека на овие избори имаат програма која се разликува од […]

Жителите на Боговиње протестираа против одлуката Општината да раководи со водоводот

март 11, 2016

Жителите од Боговиње третпат пред општинската зграда протестираа против одлуката со водоводот да управува локалната власт. Тие истакнаа дека Општината сака насила да им го земе водоводот, кои сами со свои пари го изградиле. Побараа со водоводот да управува претпријатие кое е јавно – приватно партнерство, а со кое ќе менаџираат локални жители и локалната самоуправа. Жителите сметаат дека […]

Жителите од Боговиње не дозволуваат со водоводот да управува локалната власт

јануари 4, 2016

Жителите од Боговиње не дозволуваат локалната самоуправа да стопанисува со селскиот водовод. Тие попладнево пред општинската зграда мирно протестираа, откако Општина Боговиње најави дека во иднина управувањето со водоводниот систем ќе биде под нејзина надлежност. – Ние го изградивме водоводот со наши пари и нема да дозволиме да ни го земе Општината. Ако властите управуваат […]

Жител на Боговиње ја избол стрина си со нож

март 23, 2015

Дваесет и едногодишен жител на тетовското село Боговиње, вчеравечер ја избол со нож сопругата на неговиот чичко, соопшти полицијата. Жената, А.И. (47), била пренесена во Клиничкиот центар во Тетово, каде лекарите констатирале телесни повреди. Како што информираат од полицијата, инцидентот се случил околу 20.15 часот, кога Н.И. (21), во домот на неговиот чичко З.И. (52) […]

Страна 1 од 1