fbpx

Реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков кај Бит – пазар ќе трае еден месец

Сообраќајницата ќе се реконструира во должина од 1.350 метри во двете насоки. Рокот за завршување на работите е 30 дена, а вредноста на проектот е околу 20 милиони денари

-

Градот Скопје денеска ја започна реконструкцијата на коловозот на булеварот Крсте Петков Мисирков, на потегот од раскрсницата кај Судска палата до клучката Бит – пазар во Општина Чаир. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов изврши увид во градежните работи на оваа делница.

Тој појасни дека сообраќајницата ќе се реконструира во должина од 1.350 метри во двете насоки. Рокот за завршување на работите е 30 дена, а вредноста на проектот е околу 20 милиони денари.

– На одредени места со цел да се добие поквалитетна сообраќајница ќе се изврши и подобрување на подлогата со тампонски слој – изјави градоначалникот Петре Шилегов.

Градот Скопје ги замолува граѓаните за разбирање додека траат градежните активности и упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...