fbpx

„Вечерњи“ (дез)информира, а читателите го поправаат за животот во Македонија

-

На сајтот на хрватскиот медиум Вечерњи лист пред два дена се појави репортажа за Македонија, во која може да се најдат и сомнителни и непоткрепени информации кои водат кон дезинформирање на читателската публика. 

Иако целата репортажа е правена да изгледа избалансирано, убедливо и живо, преку пренесување епизодни случки и епизодни разговори со случајно одбрани лица (на пример таксист, па некој соговорник во Битола кој тврди дека има масовно иселување и дека платите на келнерите и на докторите се исти, а некогаш поголеми и на келнерите, па некој колега Ричи што вложил во недвижнини, итн.), впечаток е дека се пренагласуваат елементи кои говорат за сиромаштија, неукост, нефункционирање на системот, дискриминација (расправата меѓу такси возач и Роми на струшката автобуска станица). Дури сосема на крај авторот да се обидел да даде светла нишка и да го акцентира дружењето кое сè уште постоело меѓу луѓето и кое било една од окосниците на опстојувањето и во тешките вреемиња. 

Меѓу сомнителните информации што му ги нуди авторот на читателот, особено се издвојуваат две – дека македонските таксисти немаат поим за ГПС и дека низ државата се среќаваат многу возила од некогашниот производител „Црвена Застава“, од типот „фиќо“ или „југо“. 

„За македонските таксисти GPS и денес е целосна апстракција, за разлика од шолја кафе или опушок и пепел покрај менувачот. А потоа џунгла од скопските булевари, улици и сокачиња, се менуваат како во циркус главно оштетени старудии на југовци и фиќа, нови модели на „мерцедес“, БМВ моноволумени со златна боја(!), некои од првите примероци на почетокот на моторизацијата во онаа стара Југославија и… лондонски автобуси– пишува „Вечерњи лист“. 

Сето ова е засилено и со насловот одбран за репортажата – „Возат крами (германски збор во употреба во хрватскиот јазик за старудии) стари и по 35 години, а таксистите сè уште не откриле џи-пи-ес“. 

За „старудиите“ се понудени дури две авторски фотографии – еден црвен „стокец како излегува од главната охридска болница и две паркирани заставини возила во некоја локална улица, веројатно исто така во Охрид, бидејќи охридски се таблиците на возилата. 

Наместо вакви сомнителни информации кои водат до дезинформации, весникот можел да употреби легална статистика од Државниот завод за статистика за староста на возилата, а за тоа дека доминираат главно „крами“, можел да поткрепи ако со ништо друго, со повеќе фотографии. Зашто, впечатокот на жителите во Скопје, да речеме, не е таков. Исто така, наместо да генерализира за таксистите во Македонија, можел за да биде избалансиран, барем да каже дека меѓу трите илјади таксисти само во Скопје, ги има секакви – и со стари возила и со нови, и со џи-пи-ес, и со таблет-компјутери, таксиметри и апарати што издаваат фискални сметки и без и со лиценци и без лиценци… Читаелите што живеат во Скопје и другите поголеми градови во земјата тоа добро го знаат.  

Бидејќи целиот текст е репортажа и пренесување впечатоци, впечатокот по внимателното читање на текстот е дека тој е сепак пишуван (или уредуван), со тенденција да остави одредена (погрешна) слика за земјата и животот во нејзе. На ваков заклучок упатуваат и дел од десетиците коментари на читателите.  

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...