fbpx
Таг: СЈО

таг: СЈО

Сугарески: Димитриев повеќе од 100 дена е премиер, а на пратенички прашања сè уште не одговарал

Зошто Трајко Вељаноски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат да свикаат собраниска седница за поставување пратенички прашања, праша денеска на прес-конференција координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески. - Поминаа многу повеќе од 100 дена откако Емил Димитриев застана на премиерската позиција, но собраниска седница за поставување пратенички прашања  сè уште нема закажано. Собранието одреден период не работеше, поради едностраната и неуставна...

Ристовска: Сè уште нема одговор за тоа како Иванов дозна за тајните предмети на СЈО

„Очекуваме и веруваме дека претседателот ќе ги почитува своите уставни обврски и дека ќе овозможи реализација на владеење на правото. Сè уште го очекуваме одговорот на прашањето што му го упативме, во врска со тоа од каде Иванов има информации за наши тајни предмети“, изјави на денешната прес-конференција Ленче Ристоска, обвинителка и портпаролка на Специјалното јавно обвинителство. Ристоска изјави дека на...

СЈО денеска со нова прес-конференција

Специјалното јавно обвинителство денеска, со почеток во 10 часот, ќе одржи прес-конференција. Во дописот од кабинетот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не е наведено која ќе биде темата на прес-конференцијата. На последната прес-конференција, одржана на 21 април, СЈО го отвори случајот „ТНТ“, кој се однесуваше на уривањето на објектот „Космос“ во сопственост на Фијат Цаноски. Во овој случај првоосомничена е...

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да поддржиме политички мотивирано работење

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието го изгласаа законот за формирање на Специјалното јавно обвинителство и го поддржаа буџетот од 4 милиони евра, кој го побара Катица Јанева, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски. Од владејачката партија истакнуваат дека јасно кажале дека нема да дадат поддршка на непрофесионално, селективно и незаконско работење, мотивирано од...

Јанева најави нова прес-конференција за утре во 10 часот

Специјалното јавно обвинителство утре, со почеток во 10 часот, ќе одржи прес-конференција. Во дописот од кабинетот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не е наведено која ќе биде темата на прес-конференцијата. На последната прес-конференција, одржана на 21 април, СЈО го отвори случајот „ТНТ“, кој се однесуваше на уривањето на објектот „Космос“ во сопственост на Фијат Цаноски. Во овој случај првоосомничена е...

Бејли: Договорот од Пржино е жив

Договорот од Пржино е жив, но преостанува уште многу работа, вели амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, за „Дојче веле“. - Неговите фундаментални елементи - одговорност за скандалот со прислушквањето, инклузивен политички процес, особено во Собранието, и реформи кои водат кон веродостојни избори - остануваат најдобриот начин за излез од сегашната политичка криза и за интеграција во ЕУ и во...

Амбасадорите на ЕУ и на Холандија порачаа: Целосно да се повлече аболицијата

Амбасадорите на ЕУ и Холандија, Аиво Орав и Ваутер Пломп на денешната трибина организирана од „Транспаренси интернешнл Македонија“ порачаа дека аболицијата мора да се повлече целосно, само така нема да има селективна правда. Амбасадорите велат дека сите засегнати страни мора да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство. - Европската Унија јасно претстави дека селективната правда и помилување не се прифатливи....

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на претседателот, Ѓорге Иванов да ја искористи можноста предвидена во Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување. „ВМРО-ДПМНЕ беше прва партија која јавно излезе со став дека одлуката за аболиција не е во согласност со нашите политики. ВМРО-ДПМНЕ прва предложи четворицата лидери на најголемите политички партии да упатат писмо до претседателот Иванов за да ја преиспита...

Научникот Петар Поповски прими светско признание во маичка со СЈО

Глобално признатиот научник Петар Поповски во Куала Лумпур прими светско признание за развој на 5Г технологија, облечен во маичка со кратенката на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Доделувањето беше во рамките на Интернационалната конференција за комуникации (ИКК 2016) што се одржува до 27 мај. Угледниот македонски научник од Охрид, со својот гест стана хит на социјалните мрежи, на кои е активен во...

Основниот суд ги одби мерките кои СЈО ги бараше за осомничените во случајот „ТНТ“

Кривичниот суд ги одби барањата на Специјалното јавно обвинителство за одземање на патните исправи на првоосомничената градежна инспекторка од општина Гази Баба и на останатите тројца осомничени во случајот „ТНТ“. „Во однос на случајот во јавноста познат како „ТНТ“, судија на претходна постапка по разгледување и ценење на предлогот како и по сослушување на четворицата осомничени донесе решение со кое...

И денеска протести пред СЈО во 18 часот

Граѓанските движења „Протестирам“ и „Шарената револуција“ денеска повторно ќе излезат на протест. Марширањето ќе започне пред Специјалното јавно обвинителство во 18 часот, а маршрутата на движење е се уште не позната. Според граѓанските активисти, после повеќе од една година протести, преговори помеѓу партиските лидери и меѓународна медијација, Македонија стигна до работ и, како што велат, оваа криза не се решава...

Осомничените од „ТНТ“ денеска на распит

Осомничените во предметот „ТНТ“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство, денеска треба да бидат сослушани пред судија на претходна постапка во врска со мерките за обезбедување на присуство. Нивниот распит минатата недела беше одложен на барање на одбраната која побара дополнително време за увид во доказите. За сите четворица осомничени СЈО побара да се применат мерки за обезбедување на присуство, односно...

Демонстрантите ја симнаа заштитната завеса од Порта „Македонија“

Демонстрантите од „Шарената револуција“ денеска ја симнаа заштитната завеса која беше поставена на Порта „Македонија“ и повторно фрлаа со боја. Белата завеса денеска беше поставена од градските служби за да не може да биде обоено ова здание од проектот „Скопје 2014“. Пред тоа, на пат кон Собранието, демонстрантите повторно ја обоија зградата на Министерството за правда. https://twitter.com/meta_agency/status/733710522781204480 Инаку, денеска демонстрантите носеа кукли...

Ахмети до Хајндл: Последните чекори ја вратија стабилноста на земјата

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска во седиштето на ДУИ во Тетово на средбата со специјалниот претставник на Владата на Германија, Јоханес Хајндл, изјавил дека последните чекори ја вратија стабилноста и безбедноста и се предуслов за спроведување на реформите кои ќе доведат до веродостојни избори. „Ахмети му се заблагодари на амбасадорот Хајндл за посетата и го запозна со...

„Протестирам“ најавува блокади, окупации и пеколно лето

„Шарената револуција“ и „Протестирам“ денеска во 18 часот од СЈО ќе им порачаат на политичарите „блокирам“, „окупирам“ и „го менувам системот“. Од движењата велат дека по повеќе од една година протести, преговори меѓу партиските лидери и меѓународната заедница, државата стигнала до работ. Според граѓанските активисти, оваа криза не се решава со преговори, затоа што, како што велат со криминалци не се...

ИДСЦС: Граѓаните се против избори на 5 јуни

Дури 63 отсто од граѓаните сметаат дека не треба да има избори на кои нема да учествуваат сите партии, а за 31 процент таквите избори се прифатливи, покажаа резултатите од истражување на јавното мислење на Институтот за демократија „Социетас цивилис“. Истражувањето е спроведено телефонски на репрезентативен примерок од 1.016 испитаници во периодот од 6 до 11 мај 2016 година. „Вкупно 55 отсто од граѓаните сметаат...

„Шарената револуција“ денеска ќе бара да се поништи одлуката за одржување на изборите

„Шарената револуција“ денеска на протестот, кој ќе почне во 18 часот, ќе побара од Собранието да ја поништи одлуката за одржување на изборите на 5 јуни. „Собрание, собери се! „Шарената револуција“ бара итно поништување на одлуката за одржување на изборите на 5 јуни. Бараме итно поништување на одлуката за одржување избори на 5 јуни и итно поништување на одлуката за аболиција на...

„Шарената револуција“ денеска ќе протестира пред Собрание

„Шарената револуција“ денеска ќе протестира пред Собрание за, како што велат организаторите, да ги потсетат пратениците дека треба ги слушаат граѓаните, а не партиските лидери. „Државната изборна комисија констатираше дека нема услови за фер избори. Тоа што сите ние го знаевме, но брзите прсти на пратениците послушници го игнорираа, па го распуштија Собранието. Ќе ве ‘поздравиме’ денеска за да ве...

Одложена јавната седница за случајот „Шпион“

Јавната седница во Апелацискиот суд за случајот „Шпион“ повторно беше одложена бидејќи дел од обвинетите не беа присутни во судницата, а немаше ниту јавен обвинител од Специјалното јавно обвинителство, кое го презеде случајот. Судијката Љиљана Ивановска-Шопова соопшти дека на 11 мај добиле писмено известување од СЈО дека нема да присуствуваат на денешната јавна седница бидејќи предметот сè уште им е во...

СЈО бара да ѝ се одземе пасошот на градежната инспекторка од Гази Баба

Специјалното јавно обвинителство бара да ѝ биде одземен пасошот на градежната инспекторка од Општина Гази Баба, Елисавета Најдовска, која е првоосомничена во случајот „ТНТ“, објави „24 Вести“. Од СЈО велат дека освен одземањето на патната исправа, побарале да ѝ биде наметната и обврска постојано да се јавува во Кривичниот суд. Истите мерки тимот на Катица Јанева ги барал и за другите...

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Уште во далечната 2006 година на студентите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) им беше ветена најмодерна спортска сала, која дури по 11 години - во 2017, се...