fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да поддржиме политички мотивирано работење

-

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието го изгласаа законот за формирање на Специјалното јавно обвинителство и го поддржаа буџетот од 4 милиони евра, кој го побара Катица Јанева, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Од владејачката партија истакнуваат дека јасно кажале дека нема да дадат поддршка на непрофесионално, селективно и незаконско работење, мотивирано од политички интереси.

„ВМРО-ДПМНЕ во целост ги почитува сите обврски што произлегуваат од договорот. СДСМ постојано бега од соочување на избори бидејќи е свесен дека од ден на ден му паѓа малата поддршка кај народот, па сака по секоја цена да го одложи десеттиот пораз, надевајќи се на чудо. Но, чудата не се случуваат со деструкција и со лажење на јавноста, туку со посветена работа, која ниту некогаш била ниту сега е одлика на СДСМ. Затоа, кога и да е денот кога СДСМ ќе собере храброст да се појави на избори, ќе се соочи со заслужената казна од народот. Поголема од кога и да е досега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...